Честит Први мај — меѓународниот ден на трудот

01.05.2018 19:19
Честит Први мај — меѓународниот ден на трудот

Сојузот на борци-Битола на сите граѓани на Република Македонија им го честита меѓународниот празник кој е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците 1 мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле и погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 г. донесе декларација со која се повикале работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај, со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Од крајот на 19. век 1 мај организирано се одбележува и во Македонија. Во Битолско празникот 1 мај е одбележан во 1898 г. од група македонски социјалдемократи. При тоа еден говорник зборувал за историското значење на празникот, за борбата на работниците за осумчасовен работен ден, за економското и за политичкото ропство. Празнувачите ја декларирале својата братска солидарност со межународната интернационала и ги повикале сите работници под знамето на социјалдемократската партија.
Во периодот меѓу двете светски војни, во организација на македонските комунисти, празникот 1 мај редовно и масовно се чествувал. Исто така, во време на антифашистичката и националноослободителна борба, партизанските единици редовно го одбележувале меѓународниот ден на трудот. Во времето на Социјалистичка Република Југославија (СФРЈ) и Социјалистичка Република Македонија (СРМ) 1 мај бил најзначајниот државен празник и масовно се чествувал.
Да живее 1 мај!