Првомајска парада 1960

01.05.2018 22:18
Првомајска парада 1960

„Први Мај 1960“ е краток документарен филм во продукција на Вардар филм - Скопје од 1960 година, во времетрање од 10 минути, снимен во стандард техника, со звук, во црно бела техника и 35мм.

Во филмот снимен по сценарио и режија на Кочо Недков е забележана парадата што се одржала на плоштадот „Маршал Тито“ во Скопје, по повод прославата на празникот на трудот 1 Мај во далечната 1960 година.

На парадата учествуваат работни луѓе, трудбеници, младина и пионери од целата република, претставувајќи ги своите достигнувања.

Автори
Режија: Недков Кочо
Сценарио: Недков Кочо
Сниматели: Билбиловски Киро, Петковски Љубе, Самоиловски Мишо
Монтажа: Панков Драгомир
Тон: Паковски Глигор
Монтажа на тон: Чемчев Вангел Лаки
Асистент снимател: Петровски Иван
Организатор на снимање: Ангеловски Благоја
Избор на музика: Бељан Андреј

Други соработници:
асистенти сниматели -- Васе Василевски

 

ОкоБоли главаВицФото