Како влијае Фејсбук на љубовните врски

01.05.2018 23:26
Како влијае Фејсбук на љубовните врски

Фејсбук има многу голема улога во љубовните врски на младите, ја поттикнува и олеснува контролата над партнерите и води до зголемена љубомора и недоверба што може да донесе до прекинување на врската, покажува истражувањето „Улогата на Фејсбук во сентиментални односи на младите луѓе.”

„Улогата на Фејсбук во сентименталните односи на младите е многу голема, но колку што е позитивна, толку е и опасна“, вели хрватската професорка Нада Зграбљиќ Ротар.

Истражувањето под нејзино менторство, преку анкета на примерок од 91 студент по комуникологија и студии по хрватски јазик, како и четири длабински интервјуа е направена од социологот и комуниколог Елена Дружета. Во студијата учествуваат 71 студентка и 20 студенти до 27 години, а резултатите беа објавени во најновиот број на списанието „Медиумски студии“.

Зграбљиќ Ротар вели дека Фејсбук го олеснува одржувањето на врските, но во длабинските интервјуа со студентките се покажало дека им било чудно на сите тоа што онлајн-односите ја преземаат важноста на реалниот живот.

„Тие велат, на пример: На него му е поважно тоа што е на Фејсбук отколку како сме ние во приватниот живот”, објаснува професорката.

Испитаниците, исто така, изјавиле дека ако секој ден на Фејсбук не ставите фотографии со вашето момче, тогаш пријателите ќе мислат дека нешто не е во ред со вашата врска. Затоа им е толку многу важно да бидат онлајн и на тој начин да одржат врска, додава таа.

Истакнувајќи дека истражувањето ја покажало негативната страна на оваа социјална мрежа, затоа што ја олеснува и поттикнува контролата на партнерите и љубомората, Зграбљиќ Ротар вели дека, како и во странските истражувања се покажало дека жените повеќе ги следат активностите на партнерот отколку што тоа го прават мажите.

Жените на пример сакаат да ги следат партнерите кои на пример рекле дека одат да спијат, а останале вклучени на Фејсбук, ги следат неговите пријатели, фотографии, поранешен девојки и слично, и во овој поглед Фејсбук станува причина за создавање конфликти во врската. Затоа, меѓу најчестите причини за поттикнување љубомора во врската биле коментари и „лајкови“ на лица од спротивниот пол, додавање или прифаќање на пријатели од другиот пол, објавување лични слики „кои не се за на Фејсбук“, или допишување со спротивниот пол.

Професорката истакнува дека 61 отсто од испитаниците процениле дека Фејсбук може да биде причина за прекин на врската, при што 60 отсто од нив изјавиле дека познаваат лица кои прекинале врска или имале проблеми во врската поради Фејсбук. Покрај тоа, 30 отсто од испитаниците потврдиле дека имале кавгата со партнерот поради Фејсбук, а 32 отсто проценуваат дека Фејсбук може да биде извор на потенцијални закани за нивната врска. Исто така, 42 отсто често го посетуваат често профилот на партнерот, а 38 проценти го следат партнерот на социјалните мрежи.

Зграблиќ Ротар вели дека во однос на следењето и љубомората проблемот е во тоа што повеќето девојки им ги даваат своите пасворди за Фејсбук на момчињата, што треба да биде знак на доверба или недоверба.

Покрај тоа, Фејсбук понекогаш се користи и како алатка за намерно предизвикување љубомора при што неколкумина испитаниците одговориле дека познаваат пријатели кои на Фејсбук објавуваат провокативни фотографии или слики во друштво на други мажи за да својот дечко го направат љубоморен.

Професорката истакнува дека Фејсбук, освен што може да е причина за прекин на врската, може и раскинувањето да го направи уште потешко бидејќи сите објавувања или фотографии на Фејсбук остануваат постојано достапни на таа социјална мрежа и речиси е невозможно да се отстранат засекогаш. Оттука, испитаниците при прекин на врска најчесто ги бришеле работите поврзани со поранешниот партнер, го прекинале своето пријателство, го блокирале партнерот или го избришале целиот профил и направиле нов. Приотоа посочиле дека тоа не значи дека се во лоши односи со нивниот поранешен партнер, но оваа опција е најлесниот начин да се оттргнат од сето она што заеднички го споделиле на интернет.

Исто така, според анкетата, 40 отсто од испитаниците проценуваат дека Фејсбук го попречува или го комплицира прекинот на врската, а 50 проценти сметаат дека тоа е процесот на одвојување на бившиот партнер станува уште потежок поради социјалната мрежа.

Извор: Jutarnji list

ОкоБоли главаВицФото