1029 hPa
80 %

-4 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 01:59
На 26 април се навршија 50 години од смртта на Џон Хартфилд (John Heartfield, 1891-1968), еден од најзначајните политички ангажирани автори на дваесеттиот век и знаменосец на антифашизмот. Во таа чест ви го претставуваме воведниот дел од биографскиот филм посветен на овој германски уметник, снимен во 1991 година во режија на Џон Ли (John Lee).
Филмот, кој изобилува со архивски материјали, интервјуа, извадоци од жестоки говори и бројни примери од неговите дела, започнува во Берлин, родниот град на Хартфилд. Понатаму продолжува со навраќање низ неговото тешко детство, неговото учество во дадаистичкото движење, неговото пријателство со Бертолт Брехт и Георг Грос, како и неговата активна улога против нацистичкиот режим на Хитлер, изразена преку неговите маестрални провокативни фотомонтажи.