Темплум, единаесет нови книги во 2018

02.05.2018 17:36
Темплум, единаесет нови книги во 2018

Книгите на Темплум со големи попусти ќе се продаваат на претстојниот Саем на книгата.

 

Алисон Бехдел, Fun Home

едиција: ЛИФТ

Графичкиов роман ги обработува темите на сексуалната ориентација, родовите улоги, самоубиството, емоционалната злоупотреба, дисфункционалниот семеен живот, како и улогата на книжевноста во разбирањето на себе и на своето семејство.

Книгава е ставена на неколку листи на најдобрите книги во 2000-ите години и е предмет на бројни академски текстови во областите Биографски, Културни, Родови студии; на универзитетите често се проучува како многу успешен модел за секвенцијалната или стрип уметност.

саемска цена: 500 денари




Фредерик Петерс,
Сини пилули 

едиција: ЛИФТ

Делото на еден од најценетите млади европски уметници на стрипот е длабоко емотивна приказна наменета за сите нас коишто избравме да сакаме наспроти најтешките предизвици. Како најдобрите графички мемоари, Сините пилули застрашувачката тема ја обработуваат низ уметнички и хуманистички пристап, на свеж, искрен и суштински разбирлив начин. Оваа храбра љубовна приказна лишена од сентименталност е блиска до секој човек чијашто љубов се сретнала со големи искушенија - и победила.

саемска цена: 400 денари
 

Сет, Животот е добар ако не се откажуваш

едиција: ЛИФТ

Еден од најдобрите автобиографски стрипови на сите времиња!

It's a Good Life, If You Don't Weaken е еден од стоте најдобри стрипови во 20 век!

The Comics Journal

Графичката новела „Животот е добар ако не се откажуваш“ е за луѓе што сакаат книги, мистерии и истражувања; за луѓе што копаат по антикваријати и по улични тезги, барајќи го фрленото или изгубеното книжевно благо; за луѓе што се спремни со часови да чекаат во ред за да добијат цртеж од омилениот автор; за луѓе кои малкуте преостанати пријатели ги малтретираат со приказни за стари книги, заборавени автори и слики, цртежи и цртачи... Ако знаете да ги препознаете таквите опсесии – стрипов е дефинитивно за вас.

саемска цена: 500 денари


Ибер & Кераскует, Госпоѓицата Недопирка (Девицата од борделот)

едиција: ЛИФТ

Париз во триесеттите години. Двете сестри, Агата и Бланш, го живеат животот со полни гради. Но, безгрижноста исчезнува преку ноќ со смртта на Агата. Очајна, Бланш мисли само на едно: навлегувајќи во најнеобичните места во градот, таа мора да го пронајде убиецот на својата сестра...

саемска цена: 500 денари

 


Марсел Швоб, Имагинарни животи

едиција: МАГМА

Марсел Швоб (1867-1905) денес се смета за значаен иноватор во книжевноста, а неговото име стои заедно со имињата на Маларме, Мирабо, Жид, Ренар, Жари... Бил доктор по класична филологија и ориентални јазици. Неговото дело ја прикажува грчкоримската култура и најскандалозните личности од тоа време. Во текстовите често е заинтересиран за мрачните, садистички и ужаснувачки аспекти на човечкото постоење.

Необичната книга „Имагинарни животи“ е составена од дваесет и две замислени биографии на вистински и измислени личности од историјата. Некои се славни жители на светот, а други се маргиналци или сосема измислени, чиј статус е нејасен, токму соодветен за впишување имагинарни слики.

саемска цена: 150 денари




Жил Ренар, Морковче

едиција: МАГМА

Жил Ренар (1864-1910) ќе остане запаметен во историјата на книжевноста поради овој роман инспириран од неговото несреќно детство. Морковче е едно од најзначајните книжевни сведоштва за детството; благодарение на бројните адаптации во театарска и филмска форма постигнува огромна популарност.

Напишан со нетипична комбинација на суровост и наивност, романот „Морковче“ може да се чита и како актуелна книга. Во современата култура, водена од принципите на динамична и брза рецепција, насилството често се третира како форма на забава и начин да се доживее задоволство. Книгава - како чисто задоволство! - тоа го потврдува.

саемска цена: 200 денари




Џанго Помалиот, Намали малце чалам

едиција: МАГМА

Џанго Помалиот пишува најкуса проза и објавува на Фејсбук. Изминатава деценија е активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот.
Прозата е објавена и на Окно.

Автор е на наградуваниот драмски текст „Модерна алхемија“, што на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ.

Џанго Помалиот е алтер его на Сашо Стефановски, електроинженер од Скопје.

саемска цена: 150 денари




Магдалена Хорват, Осетлива на светлина

едиција: 300 ветрила!

Песните во оваа збирка не само што трогнуваат и замислуваат туку се изградени во совршена хармонија меѓу стилот и смислата. Магдалена Хорват несомнено е еден од најбитните и најмоќните поетски гласови во македонската современа поезија. (Румена Бужаровска)

Песните на Хорват постојано нè изненадуваат со звучните решенија: римите одекнуваат и онаму каде што не ги очекуваме. (Владимир Мартиновски)

Кога ја читаме оваа книга, напати помислуваме дека и таа нè чита нас и дека цело време градиме со неа заемен однос ’на ти’. (Ристо Лазаров)

саемска цена: 200 денари



Калиа Димитрова, Вештерките денес

едиција: 300 ветрила!

„Вештерките денес“ е книга жизнена, силовита, продорна, свежа, нежна, приемчива, заводлива, самосвесна и нималку климоглава ‒ баш како самата Калиа. Освен тоа, книгата има јасна дикција, непосреден израз и неприкриен активистички (општествен) ангажман. (Никола Гелевски)

Ослободена од секакви стеги, многу често употребувајќи стих со еден или два збора, Калиа ја следи сопствената мисла/порака низ своевидна лежерна ритмика, што прозвучува како мелодија. Ненаметливо остава читателот да се движи според сопствените афинитети и слободно да ја доловува упатената порака. Тоа придонесува поезијава да ја восприемаме со леснотија, но претставува и предизвик, да ги бараме метафорите скриени во нејзината навидум лежерност. (Бистрица Миркуловска)

саемска цена: 200 денари




Гето Руди, Можеше да биде и реми

едиција: КАТАПУЛТ

Книгата е победник на „Новите!“, конкурсот за најдобар дебитантски ракопис.

Гето Руди или, меѓу нас кажано, Дејан Василевски, е скопјанец од 1975 година и страстен истражувач на европските градови. Несуден професор по македонски јазик и литература, а среќен како лектор. Магистер по комуникации и вљубеник во радиото, реге-музиката, фудбалот и пишаниот збор. Првата книга му е збирка хаику-поезија („Партија шах“, заедно со Теа К.), а „Можеше да биде и реми“ му е дебитантско прозно остварување. Третата – којзнае што...

саемска цена: 150 денари




Рагми Јусуфи, Македонските тројански коњи

едиција: ГРАДОТ

Книгава разоружува со својата искреност повеќе од секоја сатира. Фрлајќи поглед кон општествениот масакр на градот и општеството низ ретка клучалка, на средовечен иселеник кому пишувањето не му е основна професија, ова неизвештачено четиво, единствено од својот вид, е скапоцен камен, телескоп кој ни ја става пред нос желбата за мирен соживот на различностите, загрозени само од трагикомичната расипаност на политичките елити. (Живко Гроздановски)

саемска цена: 150 денари

ОкоБоли главаВицФото