Добил отказ, бидејќи не го споил викендот со Први мај

02.05.2018 22:12
Добил отказ, бидејќи не го споил викендот со Први мај

НОВИ САД, 30 април, 2018 година (Njuz) - Славиша Арсиќ беше отпуштен поради тоа што се појави на работа, иако на денешниот работен ден му претходеше викенд, а вторник и среда се неработни денови заради прославата на Први мај.

Како што дознава Njuz, неочекуваниот потег на овој човек, кој не го спои викендот со празникот, ги уплаши сите негови колеги.

- Не можам да кажам нешто лошо за Славиша, тој е добар работник и не правеше никакви грешки. Беше убаво да се работи со него, станува збор за многу пријатна личност. Меѓутоа, денес сите бевме шокирани, а малку и уплашени кога тој дошол на работа и на сите ни ја испрати пораката „Каде сте сите, јас сум единствен во канцеларијата“ - открива неговиот претпоставен, кој најпрвин помислил дека се работи за шега, бидејќи Славиша е познат по добриот хумор.

- Јас му испратив порака „хахахаха, ставив и некоку смајлија и уште неколку емотикони“, но набрзо ми стигна уште една негова порака, од кој сфатив дека тој е сериозен и дека навистина е на работа. веднаш се слушнав со останатите и не можевме долго да зборуваме, бидејќи скоро сите се во роаминг, но решивме веднаш да го отпуштиме - открива нашиот соговорнник и вели дека неговиот, сега веќе поранешен колега ја нарушил работната етика, но и дека постои еден уште поголем страв.

- Неговата одлука да не го спојува викендот со празници, кажува дека станува збор за сосема непресметлива личност и морам да признаам дека почнав многу да се плашам. Ако денес ја направи оваа лудост, не смеам дури ни да помислам што сè е способен да направи утре - вели неговиот шеф и додава дека сега кога малку ќе го врти филмот наназад, се сеќава дека тој еднаш отишол на некој семинар и дека таму навистина нешто и научил, а, пак, на еден тимбилинг презентирал предлози за зголемување на продуктивноста на работа.

Слика: Gary Bunt

Извор: njuz.net