Граѓани од сенка и онлајн филмови на Желимир Жилник

03.05.2018 02:20
Граѓани од сенка и онлајн филмови на Желимир Жилник

Изложба на дела од Желимир Жилник, насловена „Граѓаните од сенка" е отворена во Олденбург, Германија и нуди увид во радикалната филмската пракса на овој познат автор. Паралелно со изложбата, на страницата zilnikzelimir.net бесплатно може да се погледне програмата од 25 филмови кои се менуваат на две недели.

Во првиот дел од онлајн програмата ќе се прикажат пет филмови („Дестинација Себастијан“, „Невработени луѓе“, „Првото тромесечје на Павел Хромиш“, „Inventur - Metzstrasse 11“ и „Кенеди се враќа дома“) од различни периоди на творештвото на Жилник, кој во 1969 година освои „Златна мечка“ со филмот „Рани радови“ на Берлинскиот филмски фестивал.

Страницата на која се филмовите настанала во рамки на проектот „За идеја – против состојба“, кој од 2009 до 2011 година го реализирале kuda.org и „Playground продукција“ од Нови Сад и претставува еден од најобемние извори за делата на Жилник. Првите пет филмови ќе бидат достапни до 6 мај.

Многу филмови на Жилник, со нивните теми и пристапи, пророчки навестија настани како распадот на Југославија, транзицијата од социјализам во нео-либерализам, газењето на правата на работниците, како и пошироката општествена ерозија што лансираше нови процеси на миграција.

Изложбата „Граѓаните од сенка" ќе биде отворена до 17 јуни, а во ноември ќе се пресели во Галерија Нова во Загреб. На почетокот на 2019 година, кураторките од WHW ќе објават публикација со нови есеи за творештвото на Жилник.

Насловот на изложбата „Граѓаните од сенка" го одразува животниот интерес на Жилник за невидливите, угнетените и недоволно или погрешно претставени граѓани, а како концепт е поврзан со формата на политичко ангажирање преку „аматерска политика" - креативно и субверзивно ненормативните знаење и алтернативни сензибилитети кои латентно постојат во општеството, а понекогаш и видливо ја поместуваат „секојдневната политика".

Извор: Seecult

 

 

ОкоБоли главаВицФото