Анимиран семафор

02.09.10 13:11

Кога во 1920 г. американскиот полицаец Вилијам Л. Потс решил на улиците на Детроит за првпат да постави семафор за да го спречи сообраќајниот колапс на градот преполн со коли, воопшто не ни насетувал колку ист ќе остане неговиот изум и по 90 години.

Корејската дизајнерка Минг Хсинг смета дека дојде времето за одредени промени и измисли интерактивен семафор кој има неколку функции: „Бидејќи за време на траењето на црвеното светло повеќето пешаци не гледаат во семафорот, решив проблемот да го решам со анимиран предлог за лесна гимнастика или загревање – па така, чекањето се претвора во вежба и релаксација. Често се случува децата да го преминат пешачкиот премин пред да се вклучи зеленото светло. Тој проблем е решен со анимацијата која го одбројува времето за преминување, како и со анимираниот лик кој пред да ја премине улицата погледнува лево и десно“,, вели Хсинг. Да ја погледнеме нејзината идеја.

Your browser is not able to display this multimedia content.

ОкоБоли главаВицФото