Бубамара

03.05.2018 18:58

Денес мислев на тишината на твојата бас-
-гитара, на тишината меѓу нас.

Жарче ми слета врз прстот како бубамара
– знак дека ќе те сретнам пак –

и остави кружна трага: џиш црвено камче
на невидлив прстен. Веројатно

веројатноста на наоѓањето се заснова врз
причината со која бараш, а јас

те барав без причина, бран што посегнува
по мембраната на браната, па

се повлекува. Денес мислев на мојата кожа,
изгорена, и на годините тишина

што му требаше на моето тело да се обнови;
да заборави некои зборови.

Луѓето претпочитаат да читаат приказни
со среќни краеви. Но, којзнае

ова како ќе заврши, којзнае постоеше ли
ова без тебе, којзнае каде си.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото