Куфери полни нежни спомени

05.05.2018 00:35
Куфери полни нежни спомени

За многумина тоа е убаво изненадување. Ќе го извадиш куферот од плакарот, ќе го отвориш и ќе пронајдеш делче од патувањето што си го заборавил. Искината мапа. Искористен возен билет. Застануваме, се присетуваме и за миг повторно сме таму.

Сега замислете дека отворате куфер што соджи парчиња од секојдневието. Во Британија, Националните музеи во Ливерпул спакувале 40 такви торби, кои се дел од програмата за помош на луѓето со деменција.

Еден таков куфер му е испратен на еден маж кој живеел во дом и кој толку се плашел од вода што одбивал да се избања. Во куферот се наоѓал потсетникот на неговото минато со силен мирис, сапунот со фенол.

„Кај него предизвика силни и живи спомени како седи пред каминот пред да влезе во бањата“, кажува Керол Роџерс од музејот во Ливерпул. Се избањал со сапунот и продолжил понатаму.

Други куфери се фокусираат на теми како транспортот или етничката припадност. Некои имаат флаери од геј парадите и пар кафени чевли, марка „Hash puppies“ од превртена кожа што некои геј мажи ги носеле за да се идентификуваат како хомосексуалци во времето кога тоа беше забрането.

Овие куфери се дел од програмата „Куќи на спомените“, која вклучува и апликација со темите и музејска тура, осмислена на начин за да на посетителите им се поделат спомените од градот. Слични програми се организираат и на други места.

Сибила Кастнер која ги води образовните програми во Лембрук музејот во Дуизбург, Германија, ги анимира посетителите не само со спомените, туку и со уметничките дела.

Таа, исто така, ги води и уметничките работилници. Заедно со нејзините колеги, таа открила дека некои луѓе што имаат деменција уживаат во уметноста, иако порано не биле многу заинтересирани за неа.

„Гледаме голем број луѓе што се прилично заинтересирани, многу будни – некои работи за кои верувавме дека се невозможни, стануваат возможни“, вели Марија Нојман, која води дом за стари лица и која неодамна една група на свои штитеници донесе во музејот. „И на луѓето со деменција им се потребни авантури“, вели таа.

Авантурите и спомените не се врзани само за музеите. Фондацијата на фудбалскиот клуб „Вест Бромвич Албион“ во Англија ја организира програмата „Албион спомени“ и редовно на стадионот, кога сè е мирно и празно, ги носи остарените навивачи. Тие седат на трибините и гледааткако сегашните и поранешните играчи даваат интервјуа.

„Сакаме спомените да им ги исполниме со енергија, повторно да почнат да разговараат, да раскажуваат“, вели Пол Гловер од Фондацијата. „Љубовта кон фудбалот кај навивачите е трајна“, додава тој.

Џејсон Карлавиш од Универзитетот во Пенсилванија тврди дека „деменцијата удира во срцето на идентитетот и ја урива свеста за тоја кој сте. Логиката на активностите како што се овие и слични е да ги поттикнат емоционалните спомени, кои би го вратиле назад тој идентитет“.

Гловер го наведува искуството на една жена која својот татко го видела во поинакво светло кога отишла со него на стадионот. „Тој на стадионот почна да разговара за натпреварите што ги гледал, за играчите, подемите и падовите на клубот. Повеќе не беше некој со деменција, туку некој што секогаш бил и кој и натаму е, навивач на Вест Бром.“

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото