Повик за пријавување на Академија за уметничка акција

05.05.2018 01:21
Повик за пријавување на Академија за уметничка акција

Фондацијатa Oтворено општество – Македонија, Центарот за уметнички активизам од САД и Центарот за современи уметности од Скопје ги повикуваат заинтересираните уметници и граѓански активисти од Македонија да учествуваат на Академијата за уметничка акција во траење од пет дена од 5 до 9 јуни 2018 година во Скопје, Македонија.

Работилницата е наменета за уметници и граѓански активисти од Македонија кои во моментов работат или се интересираат за учење како може да ја сменат доминацијата на корупцијата преку уметнички форми, користејќи го своето искуство и уметничко изразување.

Краен рок за пријавување е 14 мај 2018 до 14:00 часот.

Многу уметници се стремат да создадат дело што ќе има влијание на општеството. За жал, организирањето на успешна кампања за општествена промена не секогаш е дел од вештините кои традиционално ги поседуваат уметниците. Академијата за уметничка акција (АУА) е програма за обука наменета за да им помогне на општествено ангажираните уметници и граѓански активисти да го зголемат влијанието од нивната работа и да им ги овозможи неопходните алатки за подобра оценка на ефектот од нивната работа.

Целта на АУА не е само да пренесе знаење, туку да им пристапи, да ги организира и да ги операционализира креативните, културните и политичките ресурси што ги поседуваат самите уметници и граѓански активисти. Накратко, целта на АУА е учесниците да го прифатат методот за да можат да продолжат да се развиваат и растат како успешни уметници и ефективни активисти.

Користејќи голем број современи и историски примери на активизам од целиот свет, учесниците ќе ги проучуваат различните начини на кои културната креативност е употребена за јакнење на свеста, градење организации, влијание врз законодавните тела и изготвување политики.

Избраните уметници и граѓански активисти ќе ги истражуваат идеите преку теоријата на културата до когнитивната наука и општествениот маркетинг. Дополнително, учесниците ќе научат да ги изложат овие идеи преку голем број практични вежби дизајнирани да ја разбудат нивната имагинација од затворот на можното и потоа да сфатат како да направат од невозможното возможно, преку нови стратегии и тактики. 

Кој може да се пријави?: Оваа обука е отворена за уметници и граѓански активисти кои живеат и работат во Македонија.

Начин на пријавување: За да се пријавите за обуката, пополнете ја пријавата дадена на овој линк.  

Со оглед на вообичаениот број на пријави, можеби нема да можеме да одговориме на секоја пријава. Доколку имате прашања, поставете ги преку емаил на: solunka.zoksimovska@fosm.mk.

Обуката ќе започне попладнето на 5 јуни и ќе заврши вечерта на 9 јуни 2018 г. Кандидатите мора да бидат спремни да се посветат на целата обука во времетраење од пет цели денови плус време за патување. Сите трошоци (патни билети, сместување и оброци) ќе бидат покриени од ФООМ.

Академијата за уметничка акција (АУА) досега се има одржано во повеќе од 10 земји со повеќе од 800 учесници. Еве што некои од нашите учесниците кажале за обуката:

„Ова е огромен подарок за уметниците активисти – задоволува многу потреби и ги пополнува празнините што можеби не сме сфатиле дека ги имаме“

„Ви благодарам на обајцата за оваа работилница. Јасна агенда што беше совршено завршена навреме. Навистина одлична содржина, структура и метод“

“„Ви се заблагодарувам за вашите големи напори, пасионирана обука, ја напуштам оваа ......просторија зајакната, креативна африканска жена“

„Јас барав нешто да ја заживее/освежи/обнови мојата посветеност на активизмот. Вие го овозможивте тоа. Благодарам.“

„Огромна можност за да го отворам мојот ум и да ги истражам идеите. Предавањето инсталира увереност и чувство на зајакнатост и креативност што секој би требало да го има“

Академијата за уметничкa акција ќе ја водат директорите на Центарот за уметнички активизам Стефан Данкомб, Стив Ламберт и Ребека Бреј во соработка со вработените во Фондацијата Отворено општетство – Македонија и Центарот за современи уметности Скопје.

Стефан Данкомб е професор за медиуми и култура на Универзитетот во Њујорк. Тој е автор и уредник на шест книги, вклучително и на „Сон: Повторно замислувајќи прогресивна политика во ерата на фантазијата и на читателот на културниот отпор“, и е долгогодишен активист.

Стив Ламберт е концептуален уметник и придружен професор за нови медиуми на SUNY Purchase. Неговата уметност е прикажувана насекаде, од маршеви до интернационални музеи, и се појавува во преку четириесет книги и четири документрани филмови.

Ребека Бреј е управувачки директор на Ц4АА и искусен дизајнер која работела за Институтот Смитсониан и како директор на своја компанија помагајќи им на непрофитните организации да го разберат својот потенцијал за да допрат до нова публика преку привлечни интерактивни искуства.

Центарот за уметнички активизам обучува уметници и активисти низ целиот свет да ја користат својата креативност и познавање на културата за да направат позитивни промени.

 

ОкоБоли главаВицФото