Диџеи и бендови ќе го поддржат скопскиот маратон

05.05.2018 10:24
Диџеи и бендови ќе го поддржат скопскиот маратон

Рекорден број над 10.000 учесници од 58 земји во недела (6 мај), во 8 часот и 20 минути, ќе го започнат 14-тото издание на Виз Ер Скопскиот маратон.

Годинава, главен промотор ќе биде светската рекордерка Пола Ретклиф. Трката се состои од маратон, полу-маратон, штафета и трка на 5000 метри.

Од ова издание, поддршка на маратонот му даваат и скопските диџеи и бендови. Тие се приклучија за да ја раздвижат публиката и да ги мотивираат тркачите.

Ова е листата на точките покрај патеката.

ОкоБоли главаВицФото