Нов формат на „Струшките вечери на поезија“

05.05.2018 11:42
Нов формат на „Струшките вечери на поезија“

Со месеци си ја чукам главата што е тоа кое ќе ни донесе нов формат на „Струшките вечери на поезија“.

Попусто.

Заглавени сме во чиновнички лавиринти во кои Управниот одбор е немоќен да влијае врз формата и содржината - суштински.

Идејата на министерот за претседател на УО да назначи млад и поинаков поет (Дарко Лешоски) ја прифатив со воодушевување. Бидејќи само младите можат да го донесат оној ветер на промена кој ќе ја одува насобраната пеесетгодишна пајажина. За жал, Дарко се повлече.

Дека е така се уверив денес кога добив еден спис од млади луѓе од Струга кој е сè уште во изработка и од кој се уверив дека само младите можат да направат промени. Текстот (кој е во настанување) ми го испрати Јаков Фенду од Струга и кога ќе дојде време ќе биде обелоденет а е посветен на Струга и нејзината културна пропаст.

Но овде само ќе цитирам еден дел кој се однесува на СВП од кој се уверив дека тоа е правецот по кој треба да се движи ребрендирањето на фестивалот.

„...Но СВП мора да се издигне над своето постоење и својата астрална проекција да ја распостели низ целиот град, да ја пушти по бреговите на езерото, по бреговите на реката, низ парковите. Мултимедијалност е поимот кој ќе ја надгради поезијата. СВП само треба својата гранитна традиционалност да ја накити со нови содржини.

И музиката е поезија. И филмот е поезија. И театарот е поезија. И Струшки вечери на поезијата треба да го краси летото на Струга, а не да става катанец на безгрижноста и да го најави 1 септември, кој е бескрајно меланхоличен.

Визијата за Струга треба да вклучува план, програма и финансии, СВП да започнат на 1 август и да траат до 31 август. Само така новите клинци, надежните генерации, на крајот на август ќе ја облечат најмангупската комбинација, ќе тргнат спроти течението на Дримот и ќе речат „вечерва одам на Мостови“.

 

 

ОкоБоли главаВицФото