Вистинскиот херој на скопскиот маратон

07.05.2018 01:02
Вистинскиот херој на скопскиот маратон

Иако не победи на трката на 14-иот по ред Виз -Ер скопски маратон, Радован Велјановски кој го подигна момчето со даунов синдром и го донесе до целта е вистинскиот херој.

Според пишувањата на Фејсбук, момчето паднало на 50 метри пред целта и останало да лежи на асфалтот. Тркачот го кренал на раце и продолжил до целта. Се работи за Радован Велјановски, кој пливачки тренер на Специјалната олимпијада.

Фотографијата на тоа што се случи е најсподелуваната на социјалните мрежи. Ова се некои од коментарите:

„Овој човек е победник!
Најмалку што можеме да направиме е да се мотивираме меѓусебно со неговото хумано дело“.

„Сепак има надеж за нас!“

„Ако може сите по малку да бидеме овој дечко, ќе направиме совршен свет многу брзо“.

 „Радувај се Скопје, уште имало луѓе во тебе.“