Промоција на Македонска рок енциклопедија

07.05.2018 02:09
Промоција на Македонска рок енциклопедија

На палтото пред Младинскиот културен центар (МКЦ), на 8 мај, во 20 часот, ќе биде промовирана првата „Македонска рок енциклопедија“ чиј автор е Тошо Филиповски, музички новинар, кој години наназад е буден набљудувач, поддржувач, критичар и учесник во рокенрол културата.

„Македонска рок енциклопедија“ е отпечатена на 400 страници, а во неа се пишува за 333 македонски музички состави, 2000 споменати музичари и објавени се околу 400 црно-бели фотографии.

Издавач на енциклопедијата е „Корпус деликти рекордс“. Енциклопедијата содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви метал, реге, ска… Содржи автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената.