За што или за кого?

08.05.2018 09:45

По речиси педесет
не баш подносливи години на престој
на овој свет,
во Темишвар по посетата на музејот
на поновата историја,
одново се прашувам:
за што и за кого
се бориме?
Ако во младоста
во умот ми беше втиснат барем реторички одговор,
денес повеќе не е така.
Во името на нашиот Бог
од крстоносните војни наваму
се пролеаја хектолитри крв.
Сега на потег се
исламските радикалисти.
Не сум богохулник,
само не знам кај коj бог да пребегнам.
Кај Богородица не смеам по утеха
поради кусите панталони,
налепницата на црковната порта
е непремостлива препрека.
Кога би било од помош
би ја жртвувал козата на Ема
со која токму сега си игра
и која заради милоста на роднините
не заврши на менито.
Под мојот прозорец
пет риби во фонтаната секојдневно прскаат вода,
но ниту една од нив не исполнува желби.
А самиот имам само една.
Како секоја натпреварувачка на натпревар за мис
единствено што посакувам е во светот да завладее мир.
И тоа буквално.

Превод: Лидија Димковска

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото