Изложба „Фотокопирница на љубовта“

09.05.2018 01:01
Изложба „Фотокопирница на љубовта“

Од 11 до 13 мја во МКЦ, како најава за десеттиот Бош фестивал, Арт Еквилибриум организира изложба „Фотокопирница на љубовта“. Учесници се: Владимир Лукаш, Јана Јакимовска, Тома Димовски, Елизабета Линднер, Bernharda Xilko (Бруно Толиќ), Krist Krst (Кристијан Крстески).

„Во обид да ја зацрвстиме колективната пракса на имагинација се навративме кон корените на БОШ Фестивал, творештвото на Бошко Бозаџиевски.
Арт Еквилибриум во улога на куратор – продуцент во рамки на Фестивалот Скопје Креатива покани 6 уметници да творат по сопствена инспирација на песната Фотокопирница на љубовта, напишана од Бошко.
Со цел да ја предизвикаме иднината и нејзината вредност, го задржуваме времето за да развиеме ранливи модели на грижа за другиот како начин преку кој може да се случи промената. Не сме сами во ранливоста и несовршеноста: бивајќи зависни од другите – сме заедно“, велат организаторите.

Фотокопирај го моето срце
Дикенсова блуднице
и направи ме двоен
во А4-формат

Бошко Бозаџиевски

 

ОкоБоли главаВицФото