Тие не се делат на Англичани и Французи

09.05.2018 01:04
Тие не се делат на Англичани и Французи

Монтреал

На една страна од големиот плоштад има скулптура на Французинка во одело на Шанел, со пудлица во рака, и ѝ се насмевнува на Банката на Монтреал, некогашен симбол на британската колонијална власт, изградена 1847 година.

На спротивниот крај има Англичанец, излиен во бронза, како држи мопс и со презир гледа на базиликата Нотр Дам, амблемот на француското влијание.

Скулптурите се моќна метафора за овој град со 1,8 милиони жители.

Градот со години е поделен од она што прославениот канадски романописец Хју Меклинан го нарекува „две самотии“ – перцепција, фер или не, граѓаните на Квебек кои зборуваат француски и оние кои зборуваат англиски, непријатно да коегзистираат.

Неодамна се вратив во куќата во Монтреал после 28 години живеење во странство, копнеејќи да видам дали двете самотии и натаму постојат. Открив дека тие, ако опстане оваа поделба, се генерациски.

Кога станав полнолетен во осумдесеттите години од минатиот век во околината на Вестмаунт, англофонски кварт кој на светот му го даде Леонард Коен, Квебек беше опседнат со референдумот за независност и илјадници граѓани кои зборуваат англиски ја напуштаа провинцијата.

Три децении подоцна и сепаратизмот се повлекува.

Секоја четврта брачна двојка во Квебек е аналогно-франкофонска.

Младата генерација го прифаќа и едниот и другиот јазик

Јас живеам во францускиот кварт Плато Мон Ројал. Дваесетгодишните франкофонски сопственици на продавницата ми одговараат на течен англиски додека јас им се обраќам на француски. Неодамнешниот цензус покажа дека 45 проценти од жителите на Квебек зборуваат и француски и англиски.

Гзавје Долан (28), еден од најценетите млади квебечки режисери, се сеќава дека во осумдесеттите, кога неговите родители живееле во англофонското предградие НДГ, неговата мајка ја прогонувале англофонските жители и ја терале да зборува „белечки“.

Помладата генерација, вели Долан, ги отфрлила траумите на своите родители.

Брајан Мајлс, уредник на левичарскиот весник Le Devoir, тврди дека „двете самотии“, се нешта од минатото. „Денес Французите зборуваат англиски, а Англичаните француски, а тоа не постоеше кога ги имавме двете самотии“, рече тој.

Во срцето на Монтреал поминува булеварот Сен Лоран. Историски, франкофонското население живеело источно од булеварот, а англофонското западно. Денес, француски, англиски, кинески, индиски студенти седат во кафулињата, чатуваат преку Фејсбук или твитаат.

Но, во мозокот сè уште постои Берлинскиот ѕид. Додека помладата генерација англофонски жители самоуверено го изговара „Сен Лоран“, нивните родители тврдоглаво ќе се држат до „Сент Лоренс“.

А, тука е и политиката.

Гласачите во дистриктите западно од булеварот Сен Лоран во изминатата деценија ја поддржуваа федералистичката Либерална партија. Половината од окрузите на исток ја сочинуваат следбениците на сепаратистичките партии како Партијата на Квебечаните или левичарските партии како Партијата за квебечка солидарност.

Извор: The New York Times