Творештво

09.05.2018 09:34

Кога би се хранеле со метафори
сигурно би ги замесиле од остро брашно.
Колкупати пробав со интегрално,
ама тестото при месењето
постојано
ми се распаѓаше.
Со години е така.
Толку сум гладен, буквално прегладнет...
Ема денес се врати смуртена од училиште,
зашто мора да напише бајка според постоечки правила.
Толку рецепти имаме дома
што оправдано очекува родителска помош,
ама рецептот на Проп не можеме да го најдеме.
Пробувам да замесам нешто онака по мое,
но не ми оди.
Иако за оваа прилика зедов бело брашно,
морфолошките елементи на волшебната бајка
ми се лепат врз прстите.
Не можам да ѝ помогнам.
Толку е мала, а веќе пред прва творечка криза.
Утехата дека и мене слично ми се случува
би била бесмислена.
Дури молкум месам, размесувам...
одеднаш под прстите
сеќавам волшебна моќ.
Во квасецот била тешкотијата, а не во брашното!

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото