Туризам и архитектура

03.09.2010 11:07
Туризам и архитектура

Лиле Поповска, пратеничката, пред еден месец во „Дневник“ објави еден од најглупавите текстови што во поново време се појавиле во македонскиот печат. Глупоста и вулгарноста на тој текст не се примарни причини зошто ќе се позанимаваме со него. Текстот е пример за идиотизмот на владејачката политичка гарнитура, но е и индикатор за вкусот и знаењето на една лажна македонска елита поради која земјава се наоѓа во веројатно најбезнадежниот период во својата современа историја; еден од најупадливите симптоми на таа „елита“ - чијшто прототип претставува пратеничката Поповска - е умислата дека на сељачиштата од ВМРО им треба троа покултивирана фасада и малку позамиени предводници.

Во тој контекст, Поповска во својот текст зборува за архитектурата и туризмот. Дали лудачки обидувајќи се да го релативизира сосема поместениот (лудачки) проект „Скопје 2014“, или со намера да го препороди македонскиот туризам (преку архитектурата), Поповска е полетна и прецизна во маркирањето: „Нејзиното Височество - Архитектурата, е дел од Светото Тројство во туризмот, покрај храната и музиката. Зашто, тие три елементи го создаваат специфичниот амбиент во една средина, без кој нема туристичка приказна, ни туризам.“

Реченицава глат влегува во антологијата на најголемите глупости изречени кога било на оваа почва. Храната, музиката и архитектурата се светото тројство на туризмот?! И не застанува Поповска со своите бесмислици, туку ги обвива со цели пластови најодвратна политичка демагогија: „Зачудува фактот дека архитектите се толку слабо организирани како еснаф. Имаат сојузи и здруженија, ама како да ги изгубиле ентузијазмот и восхитот од својата професија, со кои се запишале на факултет. Никако да најдат заеднички ставови околу архитектонски решенија во нивната околина. Наместо да биде на преден план естетиката, за жал, доминира политиката. А грев е и планот за Дебар Маало, а ќе биде и Триумфалната капија, ако некогаш се изгради. Во оваа благородна професија е, чинам, толку лесно да се направи дистанца од политичката боја и да се биде дел од својот еснаф. На сите ни треба да нè одбранат од глупости, грамзивост и невкус, оти во парампарче ќе ни оди надежта за туризам.“

Која било екстремна националистичка будалаштина (да се прекинат преговорите со Грција, на клоци од Скопје да се истераат западните димпломати, да се влезе во федерација со Србија, Русија и Белорусија итн.) делува како блага вода во однос на цитираната политичка лигавост и демагогија споени со најчудовишно незнаење и просташтво; над таа комбинација од демагогија и глупост гордо се издигаат дури и учебниците на Никола Тодоров! Неорганизираните архитекти, ама само ако се аполитично естетични, треба да ја спасат земјава од Мирослав Грчев (=Дебар Маало) и Никола Груевски (=Триумфална капија). Тоа ни го сугерира пратеничката. А сè во функција на туризмот!

„Од глупоста, грамзивоста и невкусот“ на СДСМ и ВМРО (повторуваме: „оти во парампарче ќе ни оди надежта за туризам!“) треба да нè спасат архитектите кои „како да го изгубиле ентузијазмот и восхитот за својата професија“. Вака пишуваше и Мира Марковиќ, со пластичната ружа в коса.

Мажот на Мира Марковиќ беше обичен партиски апартчик, трениран комунистички кадар. Не беше демијург ниту сатана. Ист е случајот и со овдешниот недоветен паланечки палјачо кого ироничните ветрови на историјата го фрлија да биде предводник (пастир) на смачканото племе. Визиите на тие луѓе, политички или културни, се стеснети, како и да ги свртите. Монструозниот проект „Скопје 2014“, олицетворение на сето најлошо во нашата современост (невкус, примитивизам, претенциозност, манипулација и лага) суштински е овозможен од ликови како Лилјана Поповска. Затоа велам дека текстот на пратеничката е парадигматичен: зборува за бесчестието на опортунистите, на божем неутралните, „издигнатите над ситуацијата“...

Она што ги спојува Поповска и Груевски (белки затоа се во коалиција) е сфаќањето на нацијата како фасада. Во суштина, архитектонскиот проект на Груевски е олицетворение на „теориските поставки“ (архитектурата во функција на туризмот) на Поповска. „Скопје 2014“ е проект на етно парк, токму туристичка атракција. Во сосема поместените културно-политички визии на Поповска и Груевски, велам, Македонија не се сфаќа дури ни како тридемензионална, а камоли како комплексна творба за времињата сегашни и идни. Во нивните визии Македонија е плакат; нема ниту внатрешна супстанца, ниту каква било конзистенција, оти Македонија и Македонците постојат за лечење идентитетски комплекси, за разгледување на туристи, постојат како нешто што постојано се докажува пред некој друг и се фиксира како пластичен цвет во трајна фризура. Дури и архитектурата на Македонецот не постои во некаква функционална смисла, туку е наменета за туристи!

Се разбира, смешката е што оние што го унижуваат современиот Македонец на ниво на изложбен анахронизам од етно парк (лего кукличе во проѕирно куќиче) се најгласните борци на македонизмот! Симбол на тоа лудило во чијшто виор живееме како во стаклена снежна кугла, може да биде Паско Кузман со неговите часовници. Умберто Еко, токму во текст за архитектурата, зборува за незаобиколниот хумористичен топос: дивјакот со будилник околу вратот, при што будилникот-привезок е во функција на некакво „кинетичко стакленце“, а не во функција да го мери времето. Можеби уште поголема смешка (накај плачка) е што цел еден народ во моментов живее во лудилото на Грујо Архитектот, Лиле Туризмот и Паско Културата со будилник околу вратот, среде снежните виори, во стаклената кугла на нивната Македонија.

слики: Ruud Van Empel

LOL!  Тешко на Рим, Виена,

LOL!  Тешко на Рим, Виена, Париз кога ќе се заврши СК2014.  

 super tekst. jas sepak

 super tekst. jas sepak najseriozno mislam deka so ova tempo i stil na gradenje za 2-30ese godini mozeme da bideme meka na arhitektonski turizam. mislam deka nee taka dalechno koga bogati, stari i cinichni evropski turisti bi doagjale da gledaat sto sme napravile. a nie bi mozele da ponudime eden zbunuvachki lavirint od zagadochni gradbi. skoro sme tamu.

 Апчињата не ги зема пак?

 Апчињата не ги зема пак? Први четири реченици - идиотизам,вулгарност,глупост,сељачишта. Вокабулар на уличар каков што си.

Ха, таблети! Да знаеш ти, Д-р

Ха, таблети! Да знаеш ти, Д-р Фројд, што се’ зеам, би ги ангажирал полициските служби (кои дури и доктор Хауса го гонеа ради /оправдано, разбира се/ дрогирање).
Еве краток список само на дрогиве што ги зиам у последно време, без збор за наталожени халуциногени у вени (види крај на текст:).
Мада, овој трип што ни го приреди преродбава - е незаборавен. Нема дрога што може да се спореди сас емоцијата на Црни Грујо, Златни Метар Ставревски (баш го глеав на А1, на какви ли тек дроги е потпредсеталетот на владата?!) и останатите златни деца од вемерото. Ја би ги шприцал у вена глат хормоните на Златни (Црни) Грујо и Сребрни Метак Ставрески. Како моеш да си толку кул на овој распад - тоа е, браќа, џанкерски сон. Може ли претседателот и потпретседателот на владата да ми донираат коскена срж?! Или било што, бар пољубац или рукољуб, да ме префати мајата, па и ја така да откачам, ко никад што не сум откачил, и покрај неброените списоци дроги што скромно ги приложуем...
http://www.okno.mk/node/7123

 Гелевски ме загрижуваш, ова

 Гелевски ме загрижуваш, ова го зборувам како човек спрема некаков облик на жив организам т.е. ти.

 Нема што да му се кажува,

 Нема што да му се кажува, ова не ми изгледа како пишувано од ЧОВЕК!!! Ова е еден од најмизерните текстови што ги имам прочитано!!!

Фројде, ти си тој шо треба да

Фројде, ти си тој шо треба да се лечи, да се вакцинира, тетерави витамински, до ниво на витаминоза, клешти, делка... 
Мора некој да ве вакцинира од оваа национал-идјото-фашистичко беснило, кое ве зафатило, оти ни нема лек. Рецимо на крај и државата од 2 милиона, треба да се намали на 200 илјади. Се сељак до сељак, се ВМРО-вец до ВМРО-вец. Реинкарнација на најпростиот животински сталеж од клепање на светот па се до ден денес. Амеби! 

Читајќи ги коментарите на

Читајќи ги коментарите на имбецилите од типот др. Фројд и МКД на чоек му е јасна тајната на вмровскиот успех: никој од нив нема интелигенција поголема од бројот на чевлите што ги носат. Целата памет им ја собира во кафена тацна. Не се замараат со ништо. Усадени пар малоумнички шаблони (а јаки им се хирурзите-идеолози: Влатко Ѓорчев, А. 5см Николовски, Црни Грујо, Латекс, Јадибурек итн.), а што не влегуе во калапчињата што им ги распределиле во партиската централа (да си играат во песок и да печат колачиња, у меѓувреме) - тоа е за строга осуда. Абе, да не страдаа толку луѓе во долинава на ужасот, ова ќе беше најзабавното риалити шоу на сите времиња! Имбецил до имбецил! Од месните комитети, преку малоумните коментаторчиња, до бизнисмените и министрите - се следи строгото правило: ако имаш IQ поголем од бројот на чевлите, ќе да си натрапник во редовите. Во тој случај се вади чевлата и се маа по глава дисонантниот паметњакович. Нели, др. Фројд и МКД? Кој од вас напише макар полуписмена реченица, макар со пола молекул хумор, фантазија или аналитичност, тој на клоци треба да лета, нели?! Ради тоа изглеа и вие, момци, глумите имбецили?! Или однатре ви доаѓа, искрено и автентично?! Реторички прашуам, не се издаајте, глеа раката...

www.pornhub.com Еве ви

www.pornhub.com Еве ви искулирајте малце.Посебно авторот.

Туризам и архитектура

Никола Гелевски е типчина, интелектуалец! Сите овие години ви објаснува со својот јавен ангажман, дури и ви посочува одреден сарказам (за аздисаните и размазаните!) со вперување на прстот на смрдливиот трулеж во нашето друштво.
Тој трулеж почна да се распаѓа - значи, “патриоти“, човекот е во право со се' што ви кажал!
Само малициозните можат да тврдат дека овој човек зборува невистини!
Терајте со Груевски, човекот кој  ви возеше денес идиотски (не)вистини (заедно со (псевдо) интелектуалците “баба“ Мирка и “чичо“ Латас) за кои сите знаат дека се ноторни лажови и партиски платеници! Денес имавте бесплатни сенилни инхибиции во вашите “дебели“ фотељи!
Ајде малициозни, погледај те во коментарите -  а за извозената идиотска патриска раја, еве ви линк, колку да не се чудите кој е авторот на овој коментар!
www.jovanovic.blog.mk
(се гледаме за некоја ден со нареден пост, “драги“ Џумуши и Бандиновци!)

 А ти место да лижеш како што

 А ти место да лижеш како што лижеш, да почнеш да гледаш малку сивкасто, место де црно, де бело, а? Не за друго, ќе се разболиш. А и не е хигиенски со јазикот толку да работиш, онаму, нели...

За Др- Фројд

  Сум видела и слушнала секакви „фраери“ да даваат коментари за нешто од што врска немаат, сепак мислам дека не треба да му го валкаш името на Фрој и да си побараш некаква помош што ќе ти овозможи да кажеш нешто паметно или барем ќе ти помогне да кажеш свое мислење, а не нешто што ти диктирано од други. Ако имаш некој проблем со Гелевски пробај да го решиш на интелектуаелн начин ако воопшто имаш некое ниво на интелегенција.

 Мартина фројД се вика ама

 Мартина фројД се вика ама нема врска. Што се однесува до "интелектуалниот начин" прочитај ги првите четири реченици. На работ на говор на омраза, ако ова е нешто културно и возвишено ја сум стварно фројд. Некој на мене сељак ја на него пациент, мислам дека од моја страна е доволно културно. Секој текст на Гелевски е преполн со навреди, неконструктивност, етикетирања и правење паралели со некакви тоталитарни општества. Типичен фашистички манир против кој толку многу сака да пишува. Иронија живота.

Безр`бетници како тебе не

Безр`бетници како тебе не заслужуваат да им го напишеш псевднонимот правилно, ама да знаеше што е тоа иронија и сам ќе сфатеше. Нема да продолжам да коментирам за тоа затоа што уште повеќе го навредува ФРОЈД, а ако сметаш дека живееме во поинакво општество од тоа за кое Гелевски пишува тогаш те жалам што си се затворил во толку розев свет. А да и ова со жалењето е иронија доколку повторно не си сфатил.  

Безр`бетници како тебе не

Безр`бетници како тебе не заслужуваат да им го напишеш псевднонимот правилно, ама да знаеше што е тоа иронија и сам ќе сфатеше. Нема да продолжам да коментирам за тоа затоа што уште повеќе го навредува ФРОЈД, а ако сметаш дека живееме во поинакво општество од тоа за кое Гелевски пишува тогаш те жалам што си се затворил во толку розев свет. А да и ова со жалењето е иронија доколку повторно не си сфатил.  

Не сум политички определен. У

Не сум политички определен. У живот не сум гласал. Али еве пример ако кажам дека законот за увоз на половни возила го сметам за добар, автоматски за Гелевски ја сум испран мозок и груевист. Ете тоа е Гелевски.
Отвори ги очите човече, не ми смета воопшто што си опозиција, али зашто чим се спомне Влада, Грујо... ти негираш и дочекуваш на нож без да размислиш, и тоа во стварно фашистички манир. Искрено мислам дека за некои проекти и закони шо ги носат кои очигледно се општо прифатени од цело население, да излезе било која опозиција и да каже, ова е добро шо го прави владата ајде да ги подржиме, ќе добијат многу на политички поени.

Работата е стварно за

Работата е стварно за тревожење. 
У петокот сабајле читам вест дека висок вработен у државна безбедност ручал со двајца нарко босови, кога дошол четврти човек и ги убил. Отворам блог.мк, кај што порано за ова ќе имаше милион коментари - ништо -- таму останаа само партиските спамери. Отворам интернет форуми - пак ништо. Вртам канали, кога гледам на Наша ТВ, Јанко Илковски ќе ја угости министерката за внатрешни. Тоооо си викам. И седнав да гледам.
Абе се извинувам, да јадат говна сите гледачи, сосе гостите у студио. Да имаш прв човек на полиција истиот ден кога имаш престрелка со 3 мртви, 1 цајкан и 2 нарко босови, у студио, и у НИЕДЕН момент да не го прашаш првиот човек на полиција, а за кој курац цајкан јадел со дилери -- ако ова не е дрогирање на цела нација, ја не знам што е!!
А тоа изгледаше конкретно вака: прво Јанко ја пушти  Јанкуловска да ни опне по еден нарко дестилат у форма на пол-саат тупење околу ништо со фаца промаја (што ли дрога зема па она, за да може и на 30 години да збори ко да е 4то одделение, јеботе!!???!), после Јанко удри една тројна доза дијазепам со величање на МКД полицијата, и на крај, ко врв на иронијата, пуштија во живо десетина смси на граѓани што ја фалат полицијата (еден бара уште повеќе Алфи, друг бара повеќе ноќни патроли, итн. (ко да веќе не сме полициска држава)...
и ... да ви кажам искрено, после 50 минути гледање у ова срање, и ја се клатев меѓу тешка фрустрација да упаднам у студио, или обратно, идејата да прифатам дека е „САМО ДО МЕНЕ!“, ене како фино сите гледачи се мирни и спокојни со вака ефикасна полиција, никому не е сумљиво што висок цајкан ручал со дилери,... и у задњи момент, си реков Јасно, гаси телевизорот, ова е врв на лудилото. Али, искрено, сепак, секунди подоцна, можев исто така да одлучам дека ова е сепак вистината за настанот. Второто, јебига, ќе признаете беше, полесно.
Bottom line - од ова не може полошо. Бернајс пропаганда (не бендот, туку човекот) гомна да јаде. Просечен гледач на ТВ, што отупел пред ТВ цел ден во петокот, после саат и пол ваква пропаганда у ниедно време, вечерта имал само толку сила да ги проголта сите овие говна на  Јанкуловска ем Илковски, сосе последниот дијазепам, да згасне телевизор, иде да спие, а последните траги на човечки отпор, фрустрација и гнев, да ги истури во прв погоден момент врз комшија, дете, старец..., зошто ниеден човек ипак не е толкава крпа ко Јанко, да може да проголта баш се.
За моментов е важно дека, овие двајца, од власта и од медиумов, ќе ви продадат што сакаат, затоа што им се може, и вие тоа ќе го проголтате. Оваа влада направи уметност (за наши провинцијални услови) на ТВ пропаганда. За мене поопасно од Јанкуловска беше само Илковски, јебига, тоа е голтање дотерано до убер нарко статус. И сеа ќе збориме кој испил, а кој не испил апче. Ти бе, д-р Фројд, при здрава памет ли го користиш тој ник? 
Бернајс, факт е, бил внук на Фројд, и смислил концепт на мирнодопска пропаганда, за што многу му се навртеа на Фројд. Али да не испадне дека сите овде пиеме нафта, ипак да задржиме последна доза на присебност -- кога условите на пропаганда ни се кнап -- нит е Фројд крив за внукот, нит ти, со ник д-р Фројд знаеш ИШТО за Фројд, па да се дрзнеш да се потпишуваш така, идеш околу и делиш совети од медицина, гарант и ти со го гледал Јади Говна у петокот.
АЛИ!!! нит Јанкуловска ем Илковски у пакет се врвот на мирнодопската пропаганда. Некаков отпор ипак МОРА да имаме. Дигајте се, луѓе! Овде стварно има дрогирање, али не у форма на апчиња и шприцови -- него сега дрога фршти директно од  ТВ, сосе сите, плус државни канали. Али немаат ваљда само крави и волови за гледачи. Гасете телевизорите и да почнеме да се екипираме! Доста е од ова срање!
 

 Ни се смеат Јасна. Додека

 Ни се смеат Јасна. Додека урламе на цел глас они седат од страна, пијат шприцер и мезат кебапи. И се потсмевнуваат „под мустак“ ко ледениот Ставревски.

 Кутрите вие... Ај сега доста

 Кутрите вие... Ај сега доста се самосожалувавте, одете направете нешто продуктивно, продуховено, корисно, насмејте некој, усреќете некој, уживајте малку во некоја добра книга, идете на пивце (за живце), скоцкајте едно летно јадење...
 
Бон апетит, и ви посакувам пријатен ден. И да: помалку време онлајн. Еве сеа, и ја ќе го отштекам малце нетов, доста му беа саативе.

 Ко прво не јадам ќебапи

 Ко прво не јадам ќебапи никогаш! Али љубител сум на добар пилешки прст! Ко второ го прочитав внимателно текстот на Јасна. И освен некаква младешка еуфорија УРА ајде напред! не прочитав ништо релевантно. Мислам сите имаме интернет и знаеме дека тие работи што ги кажуваш не држат вода. Веста за убиството излезе после 2 саати од инцидентот после 5 саати сите знаевме кој седел на маса што како... за разлика од тебе јаснич, еден сериозен човек не си дозволува да прави конструкции после 5 саати од некој инцидент, туку чека да се среди работата да се чуе што е како е. Единствено легитимно прашање ти е зошто вработен во МВР бил на маса со двајца криминалци. Тоа ќе си одговори тој што треба МВР откако ќе го расчистат инцидентот. Значи врескањето еден ден после тоа ОСТАВКА е несериозно и уште еден доказ за тоа дека вие не размислувате туку секогаш сте на УРА за рушење на легитимната власт во оваа држава. Значи ти и гелевски пробајте некако да гледате трезвено на работите дајте малку позитивна енергија. Вие во се барате очај, крај, пропаст, а тоа е одлика на луѓе со лични проблеми. 
P.S. обично не гледам Јади Бурек пошто у тој термин сум у кафана и разработуваме стратегија против опасните елементи како Гелевски. Интересна работа што поише он пишува вакви текстови ние поише мора да седиме у кафана да јадеме и пиеме и да смислуваме тактики. Come on! Give us a break Gelevski, please.

 Толку голем егоцентрик си

 Толку голем егоцентрик си што почна во множина да си пишуваш. Нема врска и за таквите има институции, не учеле луѓето за џабе нели?А да и говорот ти наликува баш како на кафански човек. Алооооооо оди прочитај нешто место да јадеш гомна на интелектуалци.

 Мартина му јаде гомна на

 Мартина му јаде гомна на човек кој им јаде гомна на интелектуалци кои јадат гомна.

 Нема да те удостојам со

 Нема да те удостојам со одговор...изгледа тоа те пали како млад мајмун

Почнуваш да учиш. Ме радува.

Почнуваш да учиш. Ме радува.

   Лудило, нека се смеат. Ние

  
Лудило,
нека се смеат. Ние можеме и мирно. Но повторувам, да се галвинизира критична маса на отпор, ако кон ништо друго, тогаш бар кон одвратната ТВ пропаганда. Може кој било медиум, може окно. Ионака веќе сегде загризаа партиски спамери и ништо од неврзан нет не остана. Фејсбук и слични мрежи во мрежи само ги затворија луѓето во нови ќелии. Затоа е добро отворен медиум, класичен нет.
 
За почеток, мислам, добар чекор е развивање свест за левица неврзана за марксовата традиција. Тие мали изданоци на Маркс во Македонија што ги гледам ми изгледаат страшно ретро, без крв и без идеја за историската одговорност што требаше да ја понесат, а без допир со здравите европски синдикални движења, на пример. Треба свест за модерна, европска левица. Лично би гласала за словенечката левица, блиска до нас, која не е Марксова, иако ради Жижек се има впечаток дека е, додека Жижек таму доста лошо стои политички, да не речам дури корупциски, како и Ирвин, и други што го имаат панданот во Манчевски и други кај нас, ... но онаа словенечка левица што негува идеја за синдикална одговорност,  за отпор кон ТВ пропагандата и за омоќнување на маргините, а се врзува за традицијата што тие ја имаа пред нивното осамостојување. Кај нас таква традиција нема (пред 1990 нашата левица, за жал, беше исто што и комунистичка десница, но не вреди да се плаче над истурено млеко), сепак, редно е од негде да се почне. Па и 2010 не е предоцна, подобро некогаш од никогаш, кога ќе пораснеме тогаш. Тоа да се фура, за деца што читаат тука, колку се-толку, да знаат дека не се сами кога мислат дека нешто не е во ред. 

 Д-р Фројд,   ПС-то те

 Д-р Фројд,
 
ПС-то те издава, пријателе. Иако мирно реагираш, на крај не издржа срце јуначко, па освен што си направи класична себеденунцијација, испали и една класична закана сосе потплашување. Иако ти доделиле доста комплексен сектор, во кој ти сепак некако пливаш, овојпат требаше да изиграш подобро. На крај памет не ми паѓа да рушам легитимно избрана влада. Никаде не велам оставка. Друго велам – велам раѓање идеја за отпор против идиотизмите на ТВ пропагандата, со кои работи оваа владина структура. Ене и ти искрено си признаваш дека ти останало едно легитимно прашање, што сепак не си го поставил пред претпоставените и пред пријателите– што мајка барал цајкан на маса со нарко дилери. Но, те разбирам: каде да го поставиш ова прашање, кога волјата тоне дур човек јаде пилешки прсти и мозга битка против народниот непријател.
Пријателе, сепак, едно. ВМРО за жал, има најдолга традиција на битка против внатрешниот непријател во целата понова пишана историја на Македонија. Битката за Македонија, сепак, историски ја доби левицата (каква таква победа, каква таква левица, каква таква држава, ни се допаѓало или не), додека изданоците на идејата за отпор во Македонија ги има премногу, неопфатени ни со левицата, ни со десницата, луѓе без партиски книшки и без личен профит, луѓе кои реагираат кога нешто им смрди, оти имаат семејни традиции, оти имаат идеја за вграден отпор, оти затнуваат нос кога нешто смрди, или што било, а не се подведува под лични проблеми, туку свест, од која се раѓа и се што значи здраво живеење, без нарко картели и затнати носови. Такви има, сакал ти или не.
Овој одговор не мора да го има, и не е за тебе. Не ти должам ништо. Сепак, тој е тука пред се’ за младиве што го отвораат сајтов, да знаат дека иако ги замолчевте сите други медиуми, нас со критични прашања, не’ има.

 
Немам ни намера да одговарам по секое твое. Оти, за разлика од тебе, јас сепак имам професија што не е пишување коментари за Бернајс пропагандата за скромната плата, туку професија од и за луѓево во оваа земја. И има намера да ја терам, дур можам. Значи, ако нагазиш подебело, тука сме. Ако пишеш пак некоја глупост, нека остане во етеров. Ова и не е одговор до тебе, туку до децава тука, оти ти, д-р Фројд, освен што си стар во коментарите, ти си историски, всушност, само мртов.
 

Фрустрација фрустрацијаа,

Фрустрација фрустрацијаа, робови на лоши вести и лаги. А А1 е дилерот, дила ли дила,  а Окно се труди да му биде конкуренција. :D
 
А цајканот може бил андеркавер или бил корумпиран. Или му бил рода на тој нарко босот, па морал да се види со него (све си бива, не?). И баш затоа се праи истрага и се иде на суд, и се разјаснува таму што како, итн., Еурека, а?
 
Толку ли сте __________ да не сфатите дека Министерката не смее јавно да кажува до кај е истрагата, што се открило, што е и како е, и кој кому што, неполн ден после инцидентот? Истрагата прво треба да заврши. Сте чуле за заштитени сведоци? Ај мислете малку, аман.
 
А убеден сум и да кажала све како што Јасна тука сакала, која мрчи и е на велико разочарана и разјарена што Министерката не и удоволила на хировите, одма Коља и мрчаториве ќе седнеа и ќе почнеа да беседат вака: „Ебати министерката, глупача, на ТВ искочи и СВЕ КАЖА човече! СВЕ! Па така ли се постапува?! Па невини луѓе ќе настрадаат, а што е со презумпцијата на невиност, а што е со правото на приватност, а што е со ова, а што со она?! Пу, ФАШИЗАМ!!!“
 
Да резимирам: Што и да рече/направи Јанкуловска, вие, лицемеромрчаторите, ќе си најдевте изговор за мрчење, плукање, повраќање, ширење параноја, дигање востанија итн. 
 
А ти Јасна, окно, или Кољо, не сте суд, и сте далеку понеинформирани од  институциите (кои мораат да ги штитат своите сознанија во текот на истрагата, а не да се излаат за све и свашта на Јади Бурек за некој деген да потепа уште луѓе, толку ли сте глупи ја не знам?), и секое ваше тролање тука (не е новинарство ова, туку е тролање, а Коља е arch-troll онака) се сведува на мастурбшпекулација. Еурека број 2.
 
Прво скокни па речи оп. 
 
Ко што рече БЦ (изглеа за своите збореше): Мора да сте или ноторни лажговци, или идиоти. Трето нема.

 А зашто гледате А1 и читате

 А зашто гледате А1 и читате ОКНО? Поред такви фини медиуми како ВЕЧЕР, СИТЕЛ, поред Мирка, Латас и да не ги набрајам останатите. Еве, Вечер не дозволува критички коментари. Придрудружете се на армијата подржувачи на власта, вие сте нели позитивните.

Прво, Мирка е закон.   Второ,

Прво, Мирка е закон.
 
Второ, Латас никој многу многу не го сака, па ни ја, ама добри четки им мава на Геро и Опозицијата (па затоа и добар дел луѓе со ќеиф го гледаат, и се ситат. Оти уште болка има од лицемерушите во опозиција и нивните спонзоруши. Епа има и за земање, очигледно).
 
Трето, коа ти, Коља, Геро, Меро, Веро, компанија остали „бањати“ ќе прекинете да глеате Сител, Наша Тв, Канал 5, да читате Вечер (па само Вечер е од онаа страна ан фронтот, замисли!), и коа ќе прекинете да се замарате и да тролате за тие и тие новинари и за власта, е тогаш ја ќе престанам да повраќам од лицемерието на Коља, Геро, и целата розова бригада (оти нели, сега комунизмот и социјализмот се поп, а не филозофија).
 
Коа Коља ќе биде конструктивен, ќе има и конструктивни реакции овде. Очито, тоа не е случајот, се уште. Од омраза и плукање никој аир не видел, а со омраза и плукање не се добиваат избори, и не се поправа држава ниту му се помага на народ. Тоа нашата дегенска опозиција уште не го знае.
 
Иначе не читам Вечер. Ама последен пат коа видов имаше секакви коментари. Можда треба да ѕирнеш по другите медиуми малце - хинт: на некои од нив ниту има опција за коментирање.
 
Поздрав, Ви пожелувам пријатно лицемерување и многу горчина со вашите избрани медиуми! Оти реалноста видиш само црна е!

Имаш право, А1 се трујачите,

Имаш право, А1 се трујачите, а поред онакви фини медиуми ко Сител и Вечер оние што се „ложат“ на А1 се морони. 
Цајканот андеркавер. Пази богати, како не ни текна. Се кладам дека та варијанта сеа се разматра у вмровските дувла.
А Јанко, тоа ти е бре тактичност, све у корист за добробит македонска, фино и тактично не ја прашува министерката најочигледното прашање. Очичигедно можда за глупата раја, али вмровски кометатори се докажани по својата ингениозност и не просветлуваат еве овде низ окново што ги нервира. 
А да ве прашам, зашто читате Окно, што си го расипувате раатот, не сте ми јасни. Ова како совет: читајте си бе браќа Вечер, глеајте си вести на Сител, не трошете си ги нервите. 

коља значи ја тебе сум те

коља значи ја тебе сум те преценуел чоече...па ти си поглуп него шо мислев. Зарем до сеа не укапира дека „ние“ сме тука да ти помогнеме, да те извадиме од окново твое, да видиш светлина, среќа, да те натераме да се насмееш, немој да си цело време намќор.
Тие шо гледаат Сител и Вечер, они се веќе излечени (уф ова знам дека ќе те изнервира, напиј се чаша вода). Зарем ти звучам дека се нервирам? Се смеам чоече, уживам тука додека гледам како полека полудуваш, у недостиг на аргументи, едино ти остана пљукање, али онакво сељачко. Па да не сме ние ќе читаш само коња е закон, браво коња, зар такви коментари сакаш? То е веч у твој стил ДНО ДНА :)
Зашто наредна анкета да не ти биде: Дали коља го допре дното?

 Јанко исто така е

 Јанко исто така е закон.
 
Ти не си.
 
Поздрав.

 Затоа ги сакам

 Затоа ги сакам левичарите(било старите било овие сега демек некои нови). Обична шега може да ја сфатат како закана. Значи од такви луѓе (без смисла за хумор и плашливи) нема гајле никој. Темата полиција ќе ја оставиме за друг пат - само ќе повторам кога има полициски рации и проверки (старо-новите) левичарите врескаат полициска држава, кога ќе се случи убиство врескаат каде е полицијата. Интересни се. ВМРО си е ВМРО левичарски идеи десничарски не е битно поинакви се околностите од 20тите години и денес. А за луѓе што имаат став било каков секоја чест, ако е смислен,искрен и без позадина, јас само сакам да реагирам на типови како Гелевски ако смеам нели!? За мене он е неискрен и со задни намери. Што се однесува до кого го пишуваш ова, исто секоја чест ако мислиш дека некој не чита воопшто хаха.  
 
P.S. Mission accomplished. Децата сега прогледаа, им ставив до знаење дека може да размислуваат и во друг правец а не само како чичко Гелевски кој секогаш бил близок до една опција која моментално не е на власт. Отидов да си ја земам дневницата. Шега, шега морам да ви објаснам што да правиме со недуховити левичари.

 Докторе, во приближно исто

 Докторе, во приближно исто време сме им оставиле слична реплика, ама секој на свој начин и во свој стил. Интересно. :)
 
А нивното лицемерие на се’ повеќе луѓе им станува очигледно. Под ваков бараж на проникливости, дури и идиотот ќе сфатеше дека некаде, некогаш, некако - нешто утнал, во нешто бил пристрасен, дека некаде неговите судови пукаат, а пукнатината се шири ли шири, и луѓе покажуваат со прст. Како и да е, останува варијантата ноторни лажговци.
 
Поздрав.

коља ќе мора да

коља ќе мора да „вработиш“ повеќе луѓе да те фалат у коментари, овака ќе пропаднеш у дубоко црно окно чоече. или покрај петте псевдоними шо ги користиш ќе мора да си креативен (како шо не си) и да смислиш уште пет. 
Па после се жалиш дека сите ти се смеат, па поголем циркус и кловнови од вас нема.

 Бар да почнеа да наплаќаат,

 Бар да почнеа да наплаќаат, и ќе спечалеа некоја паричка... :D

 Д-р Форте делот со цајканот

 Д-р Форте делот со цајканот беа токму истите мои мисли (OMG ВМРО не направил роботи неееее). Не ми треба Грујо сум глеал сто серии трилер-крими па со такви битанги седнуваат инспектори на маса не еднаш туку стално ги придобиваат тераат да кодошат и такви глупости, џандарска работа не изгледа убаво али јбг некој мора да го прави тоа. и да му еам еве можда и бил dirty cop, што некој мисли дека нема такви? Фората е дали има лична одговорност кај некој функционер друго не гледам што е проблем. И на крај вакви луѓе како Гелевски и поголемиот дел од окнарите (за среќа ги нема многу севкупно) ти убиваат волја за разумна дебата и ги делат луѓето во ровови а тоа не е добро за сите општо. Кога ќе има дебата у стил ја мислам дека е подобро да има скалест данок наместо рамен данок ради ова ова и ова, а не дебата у стилу Грујо воведе рамен данок кој дебил човече Македонија ќе пропадне, е тогаш ќе дебатираме убаво и нема да бидам Д-р Фројд туку...ај ќе видите.

Да повторам: се јавив да

Да повторам: се јавив да прашам, зошто новинар што го имал првиот човек на полицијата дента у студио, не го опердашил со најочигледното прашање: што мајка бара ваш вработен со дилер на маса? Ко што е класика у секоја земја. После министерот вика: у интерес на одбраната не смеам ништо да кажам. Ко што е класика у секоја земја. Ако е новинар од Пулицер формат, можда распали таква бомба од прашања, што јавноста неочекувано добие увид до кој степен полицијата е корумпирана (секоја полиција е корумпирана, работата на новинарот е да открие колку, пошто е тоа важно). Али не. У нашиов случај, у студио по час и пол бајка за мк полицијата, сите мирно на спиење. Тоа се вика – пропагандна спрега на власт и медиуми.
 
 
Сега иде полошото. Двајцава коментатори погоре не само што се океј со немањето прашања, него они веќе ги имаат и одговорите. Цајканот бил корумпиран/ или наместен/ или андеркавер/ или со роднини/ или у интерес на истрагата... Фактички, они одговараат место полицијата, за власта да не се троши. Они ја разбираат, они ја помагаат. Е ова веќе не е класика у секоја земја. Ова е исклучок од нормални земји, а важи за земји со јака полициска структура, а слаба граѓанска и критичка свест, ко нашата.

 
 
Али сега иде најлошо. Не само што луѓето се океј со немањето прашања, туку сега СЕКОЈ мора да е океј со немањето прашања. Секој што искажал сомнеж, се побунил, одма добива педагошка опомена, ќути, стај се у позиција на власта, сега секој станува мал Јанко, стаен у расположење на номенклатурата, услужлив, угодлив, уствари упрпан. Затоа толкава омраза кон медиуми и поединци што поставуваат прашања – дур не запре последното прашање, нема да запре ни последниот напор. Веројатно е точно дека окно го читаат малку. Али и тие малку се проблем.
 
Е последново веќе не е само обична пропаганда. Туку тотална пропаганда. Од квази комунистички калибар.

 
 
Во моментов, во Македонија нема потреба ни од медиуми, ни од власт, после 4 години труење со реклами, сега народот е така радикализиран, што сам ги одработува и двете агенди. Ко во Советскиот сојуз. Ни Јанко ни Јанкуловска не мораат веќе уста да отворат. Сега тоа го прави за нив народот, а они се сликаат чисто ради угоден имиџ.

 
 
Но да биде јасно. Освен што тоталитарна пропаганда се раѓа баш ко резултат на страв, финтата е обратната: баш у тоталитарна пропаганда, нема спасени. Секој наебува. Затоа велам да се галвинира маса за отпор. Во здрави општества, само таа маса е гарантот дека, и твојот идеолошки неистомисленик, и ти, утре ќе бидете добро. Толку од мене за дебатава, повеќе од Господ.  
 

 А јас реков што ќе беше

 А јас реков што ќе беше твојата реакција доколку Јанко навистина ја прашаше министерката за тоа.

Да те просветлам што ќе беше твојата реакција? Истото, досадно, константно, неконструктивно, фалично, импотентно мрчење.
 
Ете тоа ќе беше, мила Јасна. Ајде сега продолжи со животот, лови го Јанко по медиуми (гледаш Наша ТВ очито), лови го Латас (глеаш Сител очито), лови го Миленко (и него го глеаш?), иди, hunt then down! Прашувај зошто, прашувај зошто тоа Јанко икнал коа требал БАШ тоа прашање да го постави али нешто се сопнал, се скршило нешто во него! Измисли цел роман!
 
Оти секој новинар мора да ги поставува само ТВОИТЕ прашања!
 
И да мисли само како тебе. Никако, никако поинаку, оти тоа значи испран мозок! 
 
(И после Јасна за слобода... оф мори мајко...)

Инаку, Јасна, не си ми баш

Инаку, Јасна, не си ми баш јасна. Зошто? Затоа што целиов овој твој коментар, е всушност базиран на лаги. Како? Ајде да видиме:
 

  1. Велиш: Двајцава коментатори погоре не само што се океј со немањето прашања, него они веќе ги имаат и одговорите. Цајканот бил корумпиран/ или наместен/ или андеркавер/ или со роднини/ или у интерес на истрагата... Фактички, они одговараат место полицијата, за власта да не се троши. Они ја разбираат, они ја помагаат. 

Зошто е ова лага: затоа што ниту јас, ниту колегата Фројд, не рековме ниту пак тврдевме дека цајканот навистина бил корумпиран, наместен, андеркавер, со роднини или имал интерес во истрагата. Ние рековме дека можеби тоа е случај. Научи се да правиш разлика меѓу можност, претпоставка и тврдење, те молам. Не за друго ќе ми уштедиш време да те сецирам вака, а себе си ќе си уштедиш срам. Значи, ние (барем јас) не го реков(ме) тоа, туку понудив(ме) можни објаснувања за вмешаноста на полицаецот во тој-и-тој случај. Како што впрочем имаме исто право ко и ти, ко и Гелевски, ко и било кој друг. Ама да кажуваш дека јас сум тврдел дека тоа било навистина така, е ноторна ЛАГА. И сфаќам дека ти успева техникава да залажеш некој и да го турнеш во дефанзивен ќош (колегата Фројд подоле), ама ја не сум наивен.
 
Твојов пристап се нарекува Straw Man тактика (http://en.wikipedia.org/wiki/Straw_man), т.е. го обвинуваш „противникот“ за нешто за кое воопшто не е ни виновен, само за овој уплашен да се втера самиот себе во дефанзивен ќош, иако (откако малку ќе подразмисли) ќе се сети дека воопшто и немал такво тврдење или став за кое го обвинуваш (но веќе било доцна - почнал да се брани). Итро и подло, ама, има и од тебе поитри, and you shall not pass!
 
Второ, полицијата ја разбирам (а се гледа дека ја разбираш и ти, ама многу делумно и строго во корист на твојот аргумент). Имено, тебе болката ти е зошто Јанко не бил пулицерски калибар. Ете не е. Има право да не биде. Значи он не ја прашал министерката - од што следува дека не е министерката виновна, туку Јанко што не ја прашал. И ќе се согласам, но само доколку ти го делам ставот дека Јанко мора да ја праша тоа прашање. А тој став не ти го делам, оти Јанко е слободен човек и новинар кој и самиот јавно и најтранспарентно ги изразувал своите симпатии спрема оваа Влада. И ќе праша кој сака, што сака. Кристално јасно, транспарентно, а со тоа и неосудливо. Толку за тоа.
 
Трето, да, би сакал да ја помагам полицијата и би ја помогнал секогаш кога тоа би значело спроведување на правдата.
 
Доколку ти или твојот табор овде имате проблем со самиот концепт на полицијата како институција задолжена за спроведување ред, мир, закон и правда, тоа си е ваш проблем. На кој не му е местото во дневно-политичка критика, оти утре и друга влада да дојде, пак ќе постои полицијата. Со други зборови, да сликаш Орвелова 1984-та денес во Македонија граничи со нездрава параноја. Кога ќе ти се заканат по телефон, барем, или ќе те истепаат, ќе имаш право да ја влечеш таа паралела. Се’ додека тебе проблемот ти е тоа што независен, слободен новинар не ги поставил прашањата што според тебе требале да бидат поставени, немаш аргумент во случајов. Единиот здрав и логички одговор би бил: смени го каналот ако не ти се допаѓа она што го гледаш. Ќе наидеш на минско поле од бараж за Владава по другиве телевизии, не се секирај. Твоите 2 минути омраза ќе бидат удоволени (кога сме веќе кај Орвел, не?).
 
Коментарот понатаму ти почива на лажната премиса која ти ја постави погоре, и не вреди да биде коментиран, оти е параноична измислица, лага и глупост. Тоа што ти постоиш и пишуваш овде е доказ дека никој во државава нема проблем со јавното искажување на мислење на секој нејзин граѓанин.
 
Впрочем, од тоа живеат и Јанко, и Окно, и Фејсбук, и Студио 2 на А2. Сврти им некогаш, и увери се сама во својата слобода (изгледа ќе ти биде потребно да си го докажеш тоа сама на себе). Ако не го направиш тоа, немаш никаков изговор да тврдиш дека некој има проблем со твојата слобода - ќе имаш само одговорност - што самата си ја одземаш слободата.

 "Јасна"  те читам и не знам

 "Јасна"  те читам и не знам дали живееме во ист свет. За тебе значи клучно беше зошто Јанко не ја прашал Гордана за инцидентот? Па истиот ден уште пред да оди кај Јанко ја праша друг новинар. Јас тоа со Јанко интервју не го гледав ама стварно ли тоа беше најбитното? Па научени сме од комунизмот на такви "незгодни" прашања (а уствари смислени уште ретходниот ден со спремен одговор). Јас ја гледам суштината а не дали Јанко ја прашал Горде и според тоа да мерам демократија, Иначе тоа што укажуваш народот ја бранел МВР (демек ја и извесен Форте) ја само укажував на тоа дека ова лесно може да биде било какво сценарио и не нешо до толку бомбастично како што сака да го прикаже некој левичар. За вас секаков инцидент е репер за крај на светот за корумпираност на владата и тн. Драматизирање до максимум. Знаеш што е страшно? Ноќта на долгите ножеви. Е за тоа ајде да реагираш ама за секаков инцидент да правиш драми тоа ми е смешно. Што се однесува до пропагандата и тоа не ви држи бе, до коа со тие приказни? Во моментов има неколку телевизии (А1,Телма,Алфа...) неколку печатени медиуми (дневник, време.делумно вест, шпиц, скоро сите неделници) кои АПЛА зборат против владата, онакви запењаневени дрндаат и глупости ако треба само да се обработи тоа - плукање по владата. И сега за каква пропаганда збориме во услови кога мнозинството медиуми не е критички туку антивладини расположени? Мислам што е муабетот? Тоталитарно општество и такви срања? Дај уозбилете се и давајте добри критики а не вакви плашења што не држат вода. Срамота е. 21 век сме а реториката е 1948 година.

Туризам и архитектура

“Аветнтични“ “патриоти“, прибидејќи е 21 век., и век на концепти а не на идеолошки трици (што во самите коментари корне на идеологија), да ве запрашам нешто (ич не се сомневајте во тоа дека немам “луле“ во устата):
Вие сте популисти (сите коментатори кои се со никчиња!)! Вие сте интернет критичари облечени во пижами! Вие сте багра! Вие не сурфате на altavista.com; вие сурфате на google.com; Сеа ќе речете каде овој ја затера дебатата!? Па да, google.com не дава информации по суштина, ами ви дава информации по популарност. „Каква врска има тоа со Јанко, Станко, Мариче, Гоца, Грујче  и сличните“?, ќе прашате. Нема баш никаква, за тоа и се работи.
Вие анинимни сте “Лепа Брена“. Нај-сомнителни категории, нај-смнителни страсти затоа што коментарите ви се' лупнати од желудник (мала антрополошка анализа). Е тоа сте вие. Вие сте навијачи. Вие сте идентификатори на лудаци.
Вие сте невоспитани!
П.С. Ужасно е тешко Гелевски да се разбере? Се сложувам! Тешко е човек на толку едноставен начин да ви екстрахира толку сложени идеолошки проблеми кои се наталожени од нај-идеолошкиот век, - 20-от век.
П.П.С. Си биле Ја(теле) и Ти(теле). Ти(теле) паднал! Прашањето е: Кој останал?, е на тоа се палите бе, ве знам, драги пријателчиња. Ве знам бре!

познатблогеру, да го земеш

познатблогеру, да го земеш коља за раче и во калифорнија да појдете, да му објасните на гугл како да го подобри срч алгоритмот. не од нешто друго, туку затоа што вие црпите суштински информации од нетов, васељенава и пошироко.

Никој не расправа за самиот

Никој не расправа за самиот текст... Тоа е чудната придобивка од интернет револуцијата: помахнитала пропаганда. Го засеруваш секое ќоше од етерот, „да не остане ни помен на љепоту“...
А дека вмровциве се малоумници докажува и типот на пропагандата: исклучиво клишеа бетер од 1945 година. Никоаш анализа,никоаш дури ни минимална форма на компетенција. Ради тоа и ги имаме Груевски, Тодоров, Паско, Лиле Поповска... Она за што, впрочем, Гелевски пишува...
Какви можат да бидат тепачите, кодошите, ситните цајканчиња-коментаторчиња-хејтерчиња, кога главешините и нивните опинион мејкери (Јанко, Латас итн.) им се имбецили?! Јака и’ душа на Јасна што се расправа со таа партиско-кодошка мизерија... Но, друго нема, како што вели самата, оти тоа е минимумот на човечкото достоинство, да и’ се спротиставиш на оваа елементарна историска непогода што не’ задеси со груевизмот и со неговите шапшалски прислужници...

По којзнае кој пат, се

По којзнае кој пат, се зборува за "вкусот и знаењето на една лажна македонска елита". Елитите се секогаш лажни, таква е и интелектуалната елита.
Но зошто не кажеш дека и ти и јас и овие безочни коментатори, дека сите се дел од равенката, дека ВМРО и нивната идиологија не смее да се означи преку некакви естетски категории и да се прогласи за автономен чинител. Го забораваш духот на времето, историската спрега која ја раѓа власта, го нема никаде работникот и земјоделецот. (Ах, да тука некаде прочитав дека Марксизмот е крајно забеган). Всушност, кога ја напаѓаш ВМРО, ти ја напаѓаш со камењата што таа ти ги става во рака  (естетика, психологизација од типот кој е идиот кој не е и слично...) Понекогаш ми се чини дека пишувате само за добро да се испокарате (тешко дека ова е дискусија) во својот двор, и потоа ајде сите дома.

Вечерва има генерален штрајк во Франција. Онаа Франција на идиотот Саркози, тука секој може да се согласи. И таму власта е идиотска, и може да бидеш сигурен дека не и фалат бранители. Не и фалат ни аналитичари, ни интелектуалци, и во тоа може да бидеш повеќе од сигурен. Но она што е поинаку е дека не и фали супер-организиран протест и незадоволство. 
 

Очигледно е дека неговото

Очигледно е дека неговото владеење сите нас не' брка како колективна подвижна несреќа. Такво владеење не само што резултира со економски и социјален крах туку и со бескрупулозност во уништувањето на тоа што е рационално и кохезионо кај луѓето, народите и културите. Со силна кампања се настојува да се создаваат што повеќе ненормални луѓе - на кои црното треба да им изгледа како бело; малото како големо; лошото како добро; немаштијата како благосостојба; неморалното како морално итн. Логиката на ваквата кампања која докрај ја потценува интелигенцијата кај луѓето е потребата за замаглување на колективниот ум за успешно да се скрие животната катаклизма и галопирачкиот криминал. Власта цело време ги подучуваше луѓето како да се насмевнат и тогаш кога им се плаче; да бидат среќни и кога им се сервира несреќата; да бидат силни и кога се гладни; да бидат на небото и кога се на дното; да веруваат во себе додека ги лажат; да веруваат дека се движат кон иднината додека ги возат кон минатото...
Мерсел Биљали во денешен „Дневник“

Она што не го слушнавме во

Она што не го слушнавме во отчетот е дека во ова преродено општество и понатаму гробиштата се поуредени од болниците, дека партиските штабови се поуредени од училниците, тениските игралишта поважни од улиците, мртвите поважни од живите, минатото побитно од иднината. Не слушнавме зошто молкот е поценет од зборот, јавашлакот поисплатлив од одговорноста, а полтронство гаранција за егзистенција. Не дознавме зошто во оваа демохристијанска рашомонијада е нормално премиерот да биде прогласен за Бог, а Бог да биде реконструиран и испратен на апанажа? Не е јасно зошто е нормално шефот на државата да поправа едно (радио), а да расипува се' друго. Зошто чека да му падне „шеш-беш“ на табла, а не и да му падне размисла за иднината на земјава на една друга табла - меѓународната. Зошто е нормално антикорупционерите да не смеат да гонат корупција, обвинителот да не покренува обвиненија, полицајци да не ги штитат граѓаните, законите да не се почитуваат, судството да суди по диктат, јавноста да не смее да биде јавност, конкурсите да бидат наместени, тендерите однапред доделени, затворите селективно отворени, а „фамилиите“ добро распоредени...?

Она што не го слушнавме во отчетот е дека „преродбата“ стана идеологија за целосна тајкунизација и криминализација на плитките умови и на нивните непотистички баханалии заверени од моќта на партиските книшки. Никој не е загрижен што во сите пори на општеството се инсталираат мафијашки, речиси сицилијански елементи, како модел на однесување без исклучок. Никој не е вознемирен што со политиката на постојани манипулации спроведувана преку програмата за преродба, се врши класичен десант врз институционалната стабилност и шансите за демократски развој на земјава.
Катерина Блажевска во денешен „Дневник“

Волуцио&Мара, го знаете она

Волуцио&Мара, го знаете она славното од Мао Це Тунг: светот е во хаос, што значи прекрасно е, постојат илјада можности! Бујрум, мажишта! Прајте синдикат! Прајте „супер-организирани протести и незадоволство“! Океј е, еве, што Мара пишува книга, што неуморно коментира, но вие, се чини, сакате многу повеќе... И тоа никој нема да го сработи наместо вас...
А тоа дека и Гелевски и Окно и СДСМ И ВМРО сето тоа е исто (и тоа на база, види молим те, на естетика и психологизација) - е твое лудило, Волуцио, неам друг збор. Јас, па, прости, иам сосема друг впечаток: токму ригидноста, незнаењето и анахроноста кои зрачат од твоите наизглед  радикално леви ставови се наличјето на ужасно грдото деснило што ни доаѓа од вмро и од младината затруена со тоа пропагандно џанкерско деснило...
Во крајна линија, во тоа ваљда сите се согласуваме, треба да се работи... На уметност, политика, текстови, произведување настани... Тоа е вистинската активност и за слободните луѓе, но богами и за нацијата, која поприлично ни е атрофирана од празните вмровски пропаганди и од четиригодишното шлајфање (шлајката што се ископа богами е монументална! уште едно големо преродбеничко дело - шлајката на Грујо; многу сила, многу бес, многу омраза и пцовки тие нозе требаше да иступкаат за да си останат во дупката, одбивајќи ги дури и добронамерните раце... Ало, спинери! Јавујте се во Чиле! Праќајте им ги таму Грујо&Паско, има решение за длабоката дупка!)

За жал, ова се претвора во

За жал, ова се претвора во машина за надмудрување. Мао Це Тунг, Чиле, лудило, другите се ригидни, игнорантни, слободните луѓе очигледно само пишуваат текстови и создаваат уметност...
Знаеш, тоа и ми беше поентата, дека ние не сакаме да се слушнеме, дека не сакаме да издвојуваме ништо, дека сме крајно, проклето самобендисани. Како може Гелевски како единка да ги има сите одговори? Или па јас, или Мара, или било кој друг тука на форумот? Може само да пишува текстови и да си се самовосхитува.
Бројни културни тенденции во последниве децении со предзнак пост-  цело време мантраа за слободата, за културните револуции, до денес зборуваат за технолошкото издигнување на човекот на ниво на киборг. Визииите на авторот беа подрагоцени од реалната состојба. Сите чекавме убавината да го спаси светот.
Но историјата е многу повеќе од визија за иднината(па дури и наликува на срамнување на долгови од минатото), и се случува со причина и последица, со бројност на толпата и без поделби ние сме мозокот, вие сте мускулот.
Денеска можеби и е крајно ретроградно и лудило да се зборува за некои општо-човечки идеали на крајно приземно, материјално ниво. За здравство, домување, работни часови. Но наивно е да се зборува дека тоа е завршена работа и реликт од минатото. Итноста на сегашноста ме лишува од секаква желба за културолошки опсервации и ригидно или не, не гледам ништо поисправно во овој момент.

 Less talk; more action.

 Less talk; more action.

ОкоБоли главаВицФото