1023 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 08:59
Мистериозната куќа „Винчестер“, во Сан Хозе, Калифорнија, е морничава или имагинативна, во зависност од тоа како гледате на тие работи. Куќата има скали што завршуваат на таванот и врати што не водат никаде.
Куќата била дом на Сара Винчестер, богата наследничка на семејството на производителите на пушки, а според легендата, мајсторите работеле на зградата непрекинато од 1884 до 1922 година.
Според една приказна, наследничката Сара во проектот се впуштила по сугестија на некој видовит човек од Нова Англија, наводно за да ја спречи својата пропаст или, како што вели другата верзија, да ги смири духовите на илјадници луѓе кои низ годините настраделе од пушките винчестерки.
Приказната ги има сите карактеристики на добар хорор филм, а најдобро од сè е дека е вистинита, зарем не?
Во филмот „Winchester“, кој премиерно беше прикажан во февруари, режисерите Питер и Мајкл Спириг („Predestination“, „Jigsaw“), приказната за оваа позната куќа, тие ја исполниле со застрашувачки легенди, пушки што левитираат, столици нишалки што се движат сами од себе и со плејада на одамна умрени воени ветерани и жртви на убиства.
А тука е и Хелен Мирен, облечена во црнина на вдовица, ја толкува улогата на мистериозната госпоѓа Винчестер.
„Winchester“ е најновиот хорор филм кој е базиран на, наводно, вистинска приказна. Филмот „The Amityville Horor“ од 1979 година беше заснован на наводното појавување на духови во 1975 година. Мрачниот Ед Грејн, пак, серискиот убиец што правел мебел и облека од делови на човечки тела ги инспирирал филмските остварувања како „Тексашки масакр со моторни пили“ и „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Интересната „вистинска“ приказна на Сара Винчестер, долго време била доведување во прашање. Таа навистина ја изградила куќата, но остатокот од приказната ја измислиле новинарите од нејзиното време. Ова го тврди Мери Џо Игнофо, авторката на книгата „Captive of the Labyrinth: Sara I Winchester, Heiress to the Rifle Fortune“. Скали што кон таванот и врати што не водат никаде? Според Игнофо тоа биле последици од штети што ги предизвикал земјотресот во 1906 година. А сите тие простории? Тоа било одраз на интересирањето на госпоѓа Винчестер за архитектурата и дизајн на ентериерот.
Нејзините наводни чувства на вина заради пушките? Како што вели Игнофо, на почетокот на 20-от век никој не се чувствувал виновен заради оружјето. „Во тоа време сите го користеле и на сите им било потреба“, вели таа.
Исто така, таа ја оспорува приказната за долгата изградба на куќата. „Суштинска невистина е дека куќата се градела без прекин, Сара Винчестер во последните 15 години од нејзиниот живот воопшто не ни живеела во куќата“.
И филмот и биографијата имаат слични заклучоци за госпоѓата Винчестер: била повеќе храбра и помалку луда отколку што ја претставувале. Во книгата на Мери Џо Игнофо, таа е претставена како мудра, деловна жена, сакана од своите вработени, великодушна сестра и тетка, филантроп.
Во филмот „Winchester“, таа е хероина која го штити семејството и домот од злите духови. А ако филмот главно ја запоставува вистината заради доброто застрашување на публиката, тоа нема да им пречи на авторите.
Извор: The New York Times