Nos habelis humus

10.05.2018 12:46

Бидејќи Мислителот засекогаш одлета во небесата
и затоа прашањето за тоа што е полошо,
цинизмот или глобализмот,
зајадливата смеа или пријателскиот оган,
сарказмот или продажбата на детски црни дробови,
срца или други органи,
стана реторичко,
со налудничав хумор се борам
да не се обесам себеси
кога во градскиот автобус врз мене блуе
вегетаријанец, зашто ја видел државната пропаганда за јадење црвено месо,
кога дури пробувам алишта во гардеробата
ме набљудува вселенски телескоп,
кога за Осми март наместо вагинални топчиња
на сопругата секогаш одново ѝ носам црвени рози,
кога учествувам во борбата против трговијата со бело робје
без да помислам веднаш
дали можеби злоупотребата на оние со темна или со каква било боја на кожата
навистина не значи ништо,
или кога рано изутрина Телетекст ме убедува
дека сум се разбудил во најдепресивниот ден од годината...
Кога наутро по прочитаниот некролог
што не сакајќи сум го измрсил со тостот
го лизгам бричот по брчките од смеење,
а за сензибилноста сведочат само уште подочниците
што би можел да ги покријам со еден од кремовите на полицата
и на тој начин да станам најпосакуван метросексуалец,
помислувам дека заради сјајот на елегантните фустани и насолзените очи на посесивните мајки
песната Gaudeamus igitur уште од матурата никогаш ја немам препеано во целост.
Лицето е храбро,
но цревата потајно плетат Гордиев јазол и офкаат:
Сите ќе нѐ прекрие земјата, сите ќе нѐ прекрие земјата... 

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото