Младите Словаци им пркосат на популистите

11.05.2018 00:57
Младите Словаци им пркосат на популистите

Со оглед на тажната состојба на демократијата кај нивните соседи во централна Европа, охрабрува одлучноста на илјада Словаци кои демонстрираа „за пристојна Словачка“.

Протестите беа поттикнати од убиствата на 27 годишниот новинар Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова. Иако убиствата останаа нерешени, полицијата вели дека најверојатно се поврзани со истражувањето на Куцијак за врските на словачките политичари и италијанската криминална група 'Ндрагента.

Демонстрациите брзо прераснаа во масовни протести против корупцијата и ароганцијата на владата која, според мислењето на многу млади Словаци, ја изневерила борбата на нивните родители против советското комунистичко владеење.

Со слоганите „Словачка оди по погрешен пат“ и „Сакаме избори“, десетици илјади луѓе протестираа на соснежица, снег и дожд во Братислава и ширум земјата која има 5,4 милиони луѓе.

На почетокот премиерот Роберт Фицо се обиде да ги избегне протестите отпуштајќи некои од министрите и критикувајќи го либералниот претседател Андреј Киска зашто не објаснил зошто се сретнал со американскиот инвеститор Џорџ Сорос во септември.

Поддршката на Сорос за демократските процеси во земјите од поранешниот советски блок го направи главна мета на обвинувања и теории на заговор и на антисемитите во централна Европа.

Обидот на Фицо не вроди со плод и беше принуден да поднесе оставка.

Роберт Фицо, премиерот на Словачка

Но, не се трудеше да ја сокрие намерата да остане вистинска власт зад владата, заради што продолжија демонстрациите.

Организаторите на протестите бараат враќање на вредностите на западната демократија и владеењето на правото што го сакаат голем број граѓани од централна Европа, а не популистичките празни приказни на полскиот лидер Јарослав Качински и унгарскиот претседател Виктор Орбан, главните претставници на она што тие го нарекуваат „либерална демократија“.

Масовните маршови за враќање на демократијата не носеа резултати секогаш – пример се обоените револуции во Украина кои впрочем само менуваа еден корумпиран режим со друг.

Моќта и финансиските злоупотреби се големи искушенија во младите демократии со слаби институции и недоволно познавање на демократијата.

Но, ова е добро за Фицовите, Качинците и Орбаните да знаат дека се појавува генерација на оние кои одбиваат да молчат кога ќе биде убиен новинар или кога бескрупулозните политичари ги игнорираат нивинте тешко извојувани слободи.

Извор: The New York Times