Водич за разбирање на словенските националисти на интернет

12.05.2018 01:37
Водич за разбирање на словенските националисти на интернет

Тежок е животот на интернет. Додека храбро се движите низ неговите бајти и пиксели, многу е веројатно дека ќе западнете во неволја. Речиси е сигурно дека некако ќе влезете во драматични интернет битки помеѓу словенските народи (само отворете ги коментарите на Фејсбук страницата „Slavorum“ ) и ќе бидете вовлечени во жестоки расправии, без разлика колку се обидувате да се спротивставите.

Со цел успешно да ги преживеете овие битки, подготвивме водич за разни словенски националистички ликови, со кои порано или подоцна ќе ги вкрстите вашите интернет мечеви.

Ова е вистинска модерна културна антропологија на тема: Словените на интернет во 21-от век. Ќе ја научите нивната интернет реторика, идеологија, однесување, нивниот изглед и нивните силни и слаби точки.

Бугарин

Многу е горд. - на бугарското наследство. Поради чудните односи со Македонија и Србија понекогаш посакува да не биде Словен, но потоа го гледа својот јужен сосед Турција и одеднаш почнува да му се допаѓа неговото словенско потекло. Повторно се сеќава на историјата на Словените и не се радува што е контролиран од чичко Сталин и од Советска Русија, па затоа само се фокусира на тоа да биде антимакедонски настроен, бидејќи во овој момент тоа е единственото нешто заради кое се чувствува добро.

 

Македонец


Многу е горд и тврдоглав, се бори со Грција за името Македонија. Тој едноставно не сака да ја изгуби интернет-тепачка со Грците, па затоа му подига споменици на Александар, се облекува во костими од времето на Александар и тврди дека има македонско потекло од Александар. Но, длабоко во срцето знае дека е Словен, едноставно нема намера да се повлече пред Грците, по ниедна цена. Ако треба ќе оди и на пластична операција и ќе бара да го направат да личи на Александар, само за да докаже дека е вистински Македонец од Александрија.

 

Полјак


Многу е горд. Прво им е гневен на Германците, а потоа историјата го тера да им се лути на Русите. Додека се бори против Германците и Русите, доаѓаат американските демократи, а и тие ептен го нервираат. Одеднаш типот од Полска наоѓа утеха во религијата, но премногу либералниот папа, исто така, многу го нервира. Потоа сфаќа дека неговата нова насока е словенскиот католички идентитет, ама пак и тоа нема премногу смисла бидејќи Словаците и Чесите се само соседи, неговата вистинска љубов е Унгарија. Затоа тој сите ги држи на дистанца, не сака премногу да се зближува со странци, но кога
ќе сретне Унгарец, целата симпатија личи речиси на геј љубов и тогаш сфаќаш дека цело време бил либерал.

 

Србин


Многу е горд. Не може да одлучи кого најмногу ќе мрази: Хрватите, Бошњаците, Албанците, Американците, Бугарите, Турците или своите сонародници левичари. Ги обвинува Хрватите, Бошњаците, Бугарите и Словенците дека не се Словени, но тврди дека Хрватите, Бошњаците, Бугарите и Словенците се различни верзии на Србите, што значи дека сите тие се Словени или тој самиот не е Словен. Кога ќе се напие, одеднаш целата планета е српска, па дури и Русите се Срби. Континуирано се чувствува предаден од сите и секого, но не прави ништо да се подобрат односите со другите на долг рок. Има сон Србија да стане некаква јужнословенска Русија, но не може да биде Русија, бидејќи Русите се Срби, а кои, всушност, се Словени, ако сите се Срби? Сето ова веќе нема смисла, мозокот го става на ладење додека не конструира нова идеологија.

 

Словенец


Многу е горд - и супер огорчен, бидејќи знае дека е подобар од Хрватите и Србите, но тие секогаш некако го засенуваат. Се чувствува супериорен во однос на нив, речиси се чувствува супериорен како да е Германец и на Хрватите и Србите гледа како на селани, сѐ додека не завршат во иста држава и овие две нации повторно го засенат. Тревата пред неговата куќичка е совршено искосена, неговата ограда има совршена нова боја, неговата куќа и соседството се мирни и убави, едноставно сè е подобро од неговите дивјачки јужнословенски соседи, но некако тој не може да се позиционира како доминантен над нив. Всушност, длабоко во себе тој е добар човек, иако е националист, тој постојано чувствува југо-носталгија по неговите двајца браќа, сè додека повторно не заврши со нив и повторно не стане огорчен.

 

Чех


Не е сигурен дали треба да биде горд или да не му е гајле. Се чувствува речиси како Германец, исто како Словенците, но некако Германците не го сакаат и секогаш се обидуваат да го зафркнат, па затоа не е сигурен дали повторно треба да биде пријател со Словаците. Тој не е толку горд што е Словен, ништо повеќе не му е вредно, целосен нихилизам и атеизам, ама пак, оние Словаци му беа најдобрите пријатели што ги имал во целиот свој живот, а најубаво историско време му беше кога бил на чело на Пан-словенскиот конгрес во Прага, центарот на словенскиот свет. Чувствувајќи се некако збунето, одлучува да си го голтне пивцето „Пилснер Урвел“ и оваа ноќ премногу да не се грижи за ништо. Тој, исто така, има фиксација на знамиња, па го киднапираше чешко-словачко знаме, а и знамето на Чиле е премногу слично, па може да се случи и да го анектира.

 

Хрват


Многу е горд. Ја сака својата земја, тоа е единствената света работа за него. Ја мрази Југославија и секое нејзино спомнување, на секој можен начин се обидува да го избегне својот поранешен идентитет. Тој апсолутно сака сè што е хрватско: хрватскиот јазик, кој е словенски јазик, но тој го превидува тој факт, потенцираме ништо „словенски" не смее да се спомнува! Тој, исто така, ја сака историјата, но само од 1991 година до денес, бидејќи ако се врати пред тоа во историјата, ќе види дека два пати бил во Југославија или може да најде историски личности како првиот пан-славист Јурај Крижаниќ или дури и поглавје за хрватски археолошки остатоци низ Украина и Полска. Не, никако тој не е Словен, бидејќи Србите тврдат дека се Словени, па тој едноставно не може да биде ист како нив, можеби има ирански, готски, римски корени или што и да е, но не и словенски.

 

Русин


Многу е горд. Но, поради неговиот национализам не е сигурен дали треба да биде и да дејствува славјански, бидејќи и Украинците се Словени, и Полјаците ... а и Словаците, Хрватите и Чесите и тој не е баш сигурен што чувствува за нив. Неговиот бабушка му спомнал дека сите тие народи се Словени, но тој прочитал дека „Рус“ било германско племе од времето на Викинзите и тоа го збунува. Животот го направил да биде интересна мешавина од руски националист и советски марксист, жив оксиморон. На крајот, тој само сфаќа дека е нуклеарна сила и може да си биде оксиморон, да не му е гајле за ништо друго или што мислат другите. Тој се надева дека повторно ќе стане суперсила како СССР и во тој случај не сака да биде премногу Словен, зашто мора да остави простор за повторно да биде марксист, со цел лесно да ги покори другите словенски и несловенски народи, како што сега Американците го прават тоа.

 

Украинец


Тоатално е горд. Тој никогаш не бил толку горд што е Украинец додека не го изгуби Крим. Само неколку децении порано негов дом за речиси сè беше Русија. Тој одеше таму за да направи голем бизнис, да ја запознае својата идна сопруга, да купи руски производи, да се загрее на рускиот гас. Но, сега откако се случи овој чуден историски пресврт, Крим да биде изгубен, тој е мноооогу горд што е Украинец и толку е голем националист што неговиот главен фокус и желба е да се приклучи кон лево-либералната Европска Унија. Тој сака да носи германски униформи од Втората светска војна, апсолутно ја мрази Русија и сега дури и не е ни сигурен дали е Словен, бидејќи мора да биде разликува од Русија (покрај оние германски униформи што му изгледаат добро). Лоша работа е тоа што Германците повеќе не ги носат тие униформи и градат гасовод на север, додека зад грб го прислушкуваат.

 

Словак


Многу е горд. Славните Татри, неговата славна историја на Голема Моравија или Јаношик ?! Ех, да! Отсекогаш се чувствува навреден и им држи лутина на Чесите, побогатите словенски соседи. Јавно тој е ок со Чешка, но кога е сам во темницата, ги гледа и сонува дека ги тепа во економијата. Еднаш и тој имаше регионално предимство, за време на Втората светска војна кога Чесите доживееја анексија, а Словачка беше сама на мапата, независна и силна, но тоа не траеше долго и повторно заврши во Чехословачка.

 

Босанец
Многу е горд. Толку гордо ја сака Турција поради религијата, што ја нарекува брат, но сака да живее со Срби и Хрвати, да јаде свинско месо, да пие алкохол и да ужива во Балканот. Живеејќи во земја со три ентитети, одеднаш се почувствува како Тито, тој сака да биде националист пред својот бошњачки народ, но истовремено мора да биде Тито, за трите етнички групи не почнат повторно да се убиваат. Се наоѓа на пресвртна точка и всушност нема идеја што да прави со својот живот, се надева дека ЕУ или Американците ќе дојдат и ќе му ги решат сите проблеми.

 

Белорус
Постојат некои тврдења дека на интернет имало Белоруси, но се покажа дека тоа е само легенда. Досега ниеден не е забележан.

 

Црногорец
Не е достапен. Спие и е премногу мрзлив да се расправа или да бие битки. Сака само да биде оставен на раат.

P.S.
Ниту еден од овие ликови не се реални. Ова е само сатира на случајни митски интернет Словени кои постојано се појавуваат во коментарите под секој меме, статус, видео на YouTube, или дури и на најскриените форуми и нè благословуваат со својата мудрост и ни кажуваат што е вистината.

Извор: Slavorum

 

ОкоБоли главаВицФото