Дискусии и работилници „Неискористената моќ на уметноста и културата за општествени промени“

12.05.2018 17:58
Дискусии и работилници „Неискористената моќ на уметноста и културата за општествени промени“

Панел дискусии и работилници на тема „Неискористената моќ на уметноста и културата за општествени промени“ ќе се одржат на 16 и 17 мај 2018 год. со почеток во 11 часот во Музејот на современа уметност, Скопје.

Тргнувајќи од тоа дека заробените институции и украдените јавни простори се поттик за креирање на креативен отпор и протест, организаторите ги отвораат прашањата за форматите за спротиставување на растечките комерцијализација и обезвреднување на социо-културните и уметничките добра и практики.

„Која е нужната точка на проникнување помеѓу естетското и политичкото. Како да создадеме полни семантички вредносни вертикали во уметничката продукција која ќе има општествена одговорност? Како „убавото“ ги менува/влијае на општествените наративи. Моќта на субверзивноста да се влијае индивидуално и колективно. Кои се границите на соработка со власта? Кои се опасностите од губење на критичноста при нужните соработки помеѓу независниот културен сектор/граѓанскиот сектор и власта? Како можеме да бидеме проголтани, втолпени, втопени? Партнерства, но за што?“, се прашањата на овие дискусии.

Учесници се: Мерита Максути, Славчо Димитров, Никола Гелевски, Бесфорт Идризи, Стив Ламбер, концептуален уметник и придружен професор за нови медиуми на SUNY Purchase, САД, Небојша Вилиќ, Оливер Реслер, уметник, Австрија, Христина Ивановска, Тихомир Топузовски, Артан Садику и Славица Инџевска.

Настанот е дел од серијата настани организирани во рамки на прославата на 25 годишниот јубилеј од работата на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Овој дел од програмата ќе заврши со изложба Креативен активизам во Мобилна галерија.

Програма:

11.00 – 13.00 ОТВОРАЊЕ И ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА “УМЕТНИЧКИОТ АКТИВИЗАМ ДЕНЕС – КАКО КРЕАТИВНОСТА МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ НА МОЌТА?” (I дел)

• Мерита Максути, членка на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија
• Славчо Димитров, Коалиција Маргини
• Никола Гелевски, Издавачка куќа „Темплум“
• Претставничка од Haveeit, активистичка група од Приштина, Косово
• Бесфорт Идризи, Детски театарски центар, Скопје

Модератор: Тихомир Топузовски, Д-р по филозофија

14.00 – 16.00 ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА “УМЕТНИЧКИОТ АКТИВИЗАМ ДЕНЕС – КАКО КРЕАТИВНОСТА МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ НА МОЌТА?” (II дел)

• Стив Ламбер, концептуален уметник и придружен професор за нови медиуми на SUNY Purchase, САД
• Небојша Вилиќ, професор , Факултет за драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје
• Оливер Реслер, уметник, Австрија
• Христина Ивановска, уметничка и претставничка на Проектен простор Прес ту егзит и Јадро - Асоцијација на независната културна сцена.

Модератор: Артан Садику

17.05.2018 (четврток)

11.00 – 14.00 Работилница со Haveеit, активистичка група од Приштина, Република Косово

Работилница со Стив Ламбер, концептуален уметник и придружен професор за нови медиуми на SUNY Purchase, САД

15.00 – 17.00 ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ И ДИСКУСИЈА СО ОЛИВЕР РЕСЛЕР
Модератор: Славица Инџевска, Програмска директорка, Фондација Отворено општество – Македонија

20.00 ИЗЛОЖБА НА КРЕАТИВЕН АКТИВИЗАМ
Мобилна галерија, Парк на Франкофонија, Градски парк

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Култура / Уметност / Настан
Општество / Активизам / Култура / Теорија

ОкоБоли главаВицФото