Вашите маневри

12.05.2018 18:05

Вашите маневри,
чкртање со заби
потшлапнување со јазикот,
трескање со врати,
вашите парадонтозни текстови,
цвилеж на јалови пци
во текстовите
за уметничката субверзија,
каков галоп на ништото,
му ја сечеш опашката
и веќе друга се раѓа,
уште позарасната грива,
вашиот Abschied,
вашиот upshot,
вашиот up-shit,
ај, ај, ај,
вашите злосторства ми се од корист,
ragazzi miei,
вашите здодевни
претстави
на сценски поставена согласност
со соговорниците,
вашите сложени
мизансцени,
дидел дидел дилдо
игри со луѓе,
сигурни куќи, што таму
не може да се,
уништување на ракописи
и чување на спојници.

Ај, ај, ај,
ништо, велат,
ништо не се случи,
а и тоа е
форма на лага.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото