Румена Бужаровска и Ирена Цветковиќ на ENGAGE 2018

14.05.2018 00:38
Румена Бужаровска и Ирена Цветковиќ на ENGAGE

7 активистки, на 16 јануари точно напладне, под хаштаговите #СегаКажувам и #TaniTregoј почнаа да објавуваат свои лични приказни за сексуалното вознемирување или насилство од позиција на моќ. Веќе во првите два часа добиле над стотици исповеди.

„Тоа покажа колку е ендемично сексуалното вознемирување и сексуалното насилство во Македонија, а од друга страна покажа и колку е голема храброста на сите овие жени да излезат и јавно да зборуваат за ова и дека нашето општеството е конечно зрело за едно вакво движење и освестување“, рече писателката и активистка Румена Бужаровска, кои заедно со Ирена Цветковиќ беа говорници на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE и ги споделија своите искуства од онлајн кампањата.

„Самиот хаштаг имплицира временска дистанца на приказната, свесни дека ќе споделиме приказна можеби од минатиот викенд, можеби од пред 10-15 години. Нас не ни беше важно кога ќе ја раскажеме приказната, туку да ја раскажеме и да ја исфрлиме од себе“, рече Цветковиќ.

Истражувањето по нивната кампања покажало дека во приказните најзастапена форма било психолошкото и вербалното сексуално вознемирување, па сексуалните напади или силување и непосакуван физички допир.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото