Нема абер од мониторингот и меѓународните истраги ветени од ДУИ

14.05.2018 01:12
Нема абер од мониторингот и меѓународните истраги ветени од ДУИ

Ветување: Мониторинг и меѓународна истрага на судските случаи кои денеска носат епитет „монтирани случаи”

[Изборна програма на ДУИ „Платформа 2016-2020“ стр. 12, датум: декември 2016 ]

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во изборната програма на Демократската унија за интеграција (ДУИ): „Платформа 2016-2020“, со која партијата настапи на предвремените парламентари избори (декември 2016), на страницата 12 во делот „Правда и владеење на правдата“, е дадено ветувањето: „ Мониторинг и меѓународна истрага на судските случаи кои денеска носат епитет „монтирани случаи“, кое досега (08.05.2018) не е исполнето.

Во политичкиот дискурс на владејачката ДУИ, кога се во прашање судството и судските реформи, во повеќе наврати се истакнати заложбите за меѓународна истрага за сомнителните судски случаи како што е „Монструм”, a подоцна и случајот „Диво Насеље”.

На 26.06.2015 година медиумите известија:

ДУИ во континуитет бара меѓународна истрага за кумановскиот случај, а во иста линија беа и реакциите од Косово и Албанија за меѓународна истрага за овој случај.

На 20 септември 2017 година министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на доделувањето на донација во касарната „Ѓорче Петров“, соопшти дека за случајот „Диво Насеље“ Владата ќе преземе обврска да спроведе дополнителна меѓународна истрага. Спасовски посочи дека јавноста со тоа ќе ја дознае вистината за терористичките напади кои се случија на 9-ти и 10-ти мај, 2015 година и во кои загинаа осум полицајци.

А на 21.09.2017 слична изјава даде и тогашниот министер за правда, Билен Салјии, кој рече:

Ќе се надоврзам на изјавата на министерот Оливер Спасовски, ќе побарам меѓународна истрага за „Монуструм” и „Куманово”. Цело време промовираме независност на судството затоа апелирам до судовите да носат правични одлуки базирани во докази.

Во врска со кумановскиот случај на втори ноември 2017 година од ДУИ изјавија:

Демократската унија за интеграција останува на својот став за меѓународни експерти за сеопфатна истрага за расветлување на сите нејаснотии, пишува во реакцијата на ДУИ по Одлуката на Кривичниот суд за таканаречената „Кумановска група“. Во реакцијата објавена во официјалниот сајт на ДУИ, се вели „ судскиот процес и доказите на инволвираните докажаа сомнителни елементи за организаторите и нивните мотиви за овој тежок случај, затоа граѓаните имаат право целосно да ја знаат вистината“.

Во јавноста, пак, има различни ставови за спореведување на меѓународна истрага. Дел од правниците во земјава тврдат дека нема правна основа врз која може да се спроведе класична меѓународна истрага за тој настан, но велат може да се користи техничка и стручна помош во домашна истрага.

Па, иако декларативно, но и во програмата за последните парламентарни избори (декември 2016) ДУИ вети меѓународна истрага, сепак и после пресуда за кумановскиот случај (Диво Насеље), ниту една од институциите не дала таков предлог до Владата или Парламентот. Ниту пак, досега (08.05.2018) се посочени детали на коков начин може да се спроведе меѓународна истрага, врз основа на што би се заклучило дека е можен таков чекор од МВР, институција која би поднела такво барање за вклучување на меѓународни експерти за расветлување на овие случаи.

Така што ветувањето на ДУИ „ Мониторинг и меѓународна истрага на судските случаи кои денеска носат епитет „монтирани случаи“, кое освен во нивната изборна програма, е давано и во изјави на повеќемина партиски функционери, го оценуваме како: не е исполнето.

ИЗВОРИ:
Телеграфи (02.11.2017): ДУИ бара меѓународна истрага на Кумановскиот случај [проверено на 08.05.2018]
Алмакос (21.09.2017): Салјии: Чекаме меѓунардона истрага за “Монстум” и “Куманово” [проверено на 08.05.2018]
МКД.мк (20.09.2017): И Оливер Спасовски бара меѓународна истрага за “Диво Населје” [проверено на 08.05.2018]
Актауле (27.05.2015): Експертите во иста линија со ДУИ за меѓународна истрага на куамановскиот случај [проверено на 08.05.2018]
Платформа 2016-2020 на ДУИ за парламентарните избори 2016 [проверено на 08.05.2018]
Што сработи Владата во првата фаза од реформскиот „План 3-6-9“[проверено на 08.05.2018]
План 3-6-8[проверено на 08.04.2018]



Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Фото: Мета

Извор: Вистинометар

Слични содржини

Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото