Што рече Кејт Бланшет на протестот на жените во Кан

14.05.2018 23:44
Што рече Кејт Бланшет на протестот на жените во Кан

Од името на 82 актерки, режисерки и продуцентки кои во знак на протест против нееднаквоста на жените во филмската индустрија, маршираа на 71-то издание на филмскиот фестивал во Кан се обрати актерката Кејт Бланшет, која го предводи годинашното жири на фестивалот.

„На овие скалила денес стојат 82 жени кои го претставуваат бројот на режисерки кои ги имаат искачено овие скалила од првото издание на Канскиот филмски фестивал во 1946 година. Во истиот период, 1,688 режисери ги имаат искачено истите овие скалила. Престижната награда Златна палма ја добил 71 режисер (премногу за да ги споменувам со имиња), но само две жени“, рече Бланшет во своето обраќање.

„Жените не се малцинство во светот, а сепак сегашната ситуација во нашата индустрија го вели спротивното. Како жени, сите ние се соочуваме со уникатни предизвици, но стоиме заедно на овие скалила денес како симбол на нашата решителност и посветеност кон напредок“, додаде таа.

Осумдесет и две жени учествуваа во симболичниот протест на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал.

Причината поради која учествуваа точно 82 актерки, режисерки и продуцентки е бидејќи тоа е бројот на филмови чии режисери биле жени, а учествувале во главната конкуренција за престижната „Златна палма“ во 71-годишна историја на фестивалот.

Во протестот учествуваа и Марион Котијар, Леа Сејду, Ава Дувернеј, Кристен Стјуарт и Салма Хајек.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото