Почина Златко Боурек, творецот на Балтазар

15.05.2018 01:10
Почина Златко Боурек, творецот на Балтазар

На 89- годишна возраст почина Златко Боурек, сликар, вајар, костимограф, сценограф, режисер, автор на цртани и играни филмови. Тој беше член на Хрватската академија на науки и уметности, која напиша дека изгуби еден од своите најугледни членови, а Хрватска еден од своите најоригинални уметници, кој отвори ново поглавје во модерното хрватско ликовно, театарско и филмско творештво.

Боурек е роден во Пожега во 1929 година, а во 1955 година дипломирал вајарство на Академијата за применети уметности во Загреб. Главна карактеристика на неговото ликовно творештво е гротескниот хумор со надреалистички елементи поврзани со фолклорот.

Уште за време на студиите заедно со колегите ја основал Загребската школа за цртан филм.

Боурек беше сценограф на култната анимирана серија Професорот Балтазар, за која по примерот на Ријека, го креирал измислениот Балтазар град.

Добитник е на бројни врвни награди и признанија за своите дела.

 

ОкоБоли главаВицФото