Реакции по повод предлогот Зеќирија Ибраими да биде нов министер за култура

15.05.2018 17:01
Реакции по повод предлогот Зеќирија Ибраими да биде нов министер за култура

По информациите дека партиите ДПА и БЕСА влегуваат во коалиција со СДСМ и ќе добијат министерски позиции, конкретно Министерството за култура, следуваа бурни реакции во јавноста. На социјалните мрежи најмногу се коментира дека културата не треба да биде предмет на партиски пазарења, како и дека треба да се внимава која личност од новите коалициони партнери треба да ја добие функцијата

Во продолжение пренесуваме дваесетина компетентни коментари од Фејсбук:

 

На минатите локални избори, БЕСА плаќаше за црна пропаганда против Рамиз Мерко на Фејсбук. Спонзорираниот пост беше видео на кое Мерко ја рецитира „Т'га за југ“, а видеото беше проследено со коментар на БЕСА во стил „ќе гласате ли за овој што рецитира македонска поезија“. Значи, според БЕСА, гревот на Мерко не е тоа што во двата претходни мандати не мрдна со прст за градот, туку што рецитирал поезија на македонски. Не знам дали е точна веста за новиот министер за култура, но во секој случај ќе се усреќиме со засилувањето на власта со оваа партија.
Иван Шопов


Ова не е понижување на Роберт Алаѓозовски, ова е понижување на културата во Република Македонија и на сите нас.
Оливера Ќорвезироска


Претходната влада изгради идеологија, переше мозоци и грдни пари на сметка на тоа дека укопча колку културата е моќна за една држава. Не научивте ништо од тоа? Пак култура е ресор за шиткање?
Румена Бужаровска

Никогаш не сум го коментирал Роберт, поради функцијата свесно сум држел дистанца, никогаш не сум му се јавил, не сум побарал нешто од него. Има во неговото министерување грешки, неснаоѓање, погрешни проценки...
Но во исто време, неговото работење во насока културата да ја децентрализира и во исто време да не вмрежува во европските и светски текови, асоцијации и сл. е очигледно. А тоа ни треба, неопходно е. Роберт треба да остане Министер за култура.
Ненад Стевовиќ
gitarist

Пред да биде ставен министер за култура или на било која друга функција, за Зекирија Ибраими од БЕСА би било логично прво да се истражи неговата улога во настаните од 27 април и гласните шпекулации во јавноста дали пеењето на химната од негова страна претставувало смислена провокација за ескалација на ситуацијата и дел од сценариото на #ВМРО за создавање хаос, кој можеше да се претвори и во граѓанска војна во оваа земја. Самиот Ибраими по загревањето на ваквите сомневања во јавноста почнува да се правда и на 28 април изјавува дека химната не била провокација, но да знаел дека Талат Џафери ќе бил избран дента, можеби не би го направил тоа повторно (Алсат М). Како е возможно да не знаеле во БЕСА дека дента се бира Џафери, иако тоа во текот на денот го дозна цела домашна и меѓународна јавност, останува нејасно.
Кристина Озимец

 

По сè што се случуваше во ресорот култура изминатава декада и обидите нештата да почнат да се поправат, доста е културата ситна паричка за поткусурување! Премиерот Заев два пати да размисли, дали и кому треба да му го остави овој ресор!!!
Сотир Трајков

 

Премиерот размисли и одлучи дека ресорот Култура и понатаму останува ситна паричка за поткусурување. Бидејќи Култура е небитна, битни се МВР, Финансии, Транспорт и Здравство. Таму се парите.
Александар Левески

 

Доста е култура, циркус дајте!
Милош Б. Андоновски

 

Честитам СДСМ.
Подобро да го вратевте Министерство за култура на ВМРО да го доградат СК014.
Мирко Попов

Дадена Беса за култура.
Билјана Бејкова

 

На едните културата им служеше за регрутација на партиска армија и распишување сомнителни тендери од кои се' уште не се ни знае ни кој, ни колку успеа да лапне. Другите, секогаш ја третирале како товар што скапо чини, и на кој радо не би му обрнувале ич внимание, освен кога ќе им затреба министерско или какво било функционерско место за подмируење меѓукоалициски размирици. Тогаш слободно си се подаваат сo непосакуваното дете „култура“, пошто што... култура е тоа, 13 прасе. Јас одамна не би гласала ни за едните ни за другите, ама викате неодговорно било! Не бе дечки, ова е неодговорно.
Александра Бошковска

 

Слушам Зеќирија Ибраими ќе бил нов министер за култура. Од културни работи можам да кажам дека ужасно пее. Кога ќе запее странска химна во собрание, после него ХАОС.
Значи ЗАЕВ еве и јас писмо да ти пишам. НЕМА ПОТРЕБА ДА ГО ПОДЕЛИШ НАРОДОТ за да го поделиш вмро. Распаднато е. Кој имаше добра намера влезе во коалиција лани. Сега да ги збираш еден по еден директно во влада стварно нема логика.

Јас како граѓанин влегов во коалиција со себеслични граѓани за промена на криминална банда и не барав ништо возврат. Ако банда луѓе без кредибилитет не можат да ГЛАСААТ за доброто на ЗЕМЈАВА без да се закачат на државна цицка значи је бо те. Тие ќе се закачат на било чија цицка за малку повеќе пари ИЛИ ЛИЧНИ ПРИВИЛЕГИИ.
Не ти требаат такви луѓе. Верувај.
Видана Бошкова Мицевска

 

Си седевме лабаво онака и одеднаш сите станаа културно загрижени.
Артан Садику



Министерство за култура.
ахахахаххахахахахахахаха
аххаахахахахахахаххаха
хахахахахахахахахахаха
Мариглен Демири

 

Зошто, бре, културата ја разбирате како монета за поткусурување?
Владимир Милчин

 

Па шо бе, шо ќе ни министерство за култура?! На сета некултура?! Ма нек се укине, шо ќе ни и менување министри...
Дарија Андоновска

 

Да имаш министер за култура со кој можеш ДА НЕ СЕ СОГЛАСУВАШ за современата уметност, за концептуала, за ангажиран театар, за КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ, да се „расправаш” за Дишан, даДА, Цара, Бретон, Раушенберг, Бојс, Брехт, Цепенко, Кокто, Жене, Маркезо, Пасолини или Годард е реткост во СВЕТО.

Зато, остајте ја КУЛТУРАТА на тије шо РАЗБИРАТ шо значи да не се СОГЛАСВАТ СИТЕ. ОСТАЈТЕ ЈА КУЛТУРАТА да биде вредност, СЛОБОДА, а не пропаганда или алатка за КУСУРИ ФАЧАЈЊЕ!

Филип Јовановски

Освен ако новиот министер Ибраими не е далеку постручен од Роберт - ко што не е - смената е ужасна идиотска глупост.

Заев многу „дипломатски“ го применува кобното „на ти го, дај ми го“ само за зацврснување на сопствената власт - на штета на Македонија и на сите кои сè уште не киднале од оваа кутра, измачена земја.
Владимир Лукаш

 

А зошто јас не сум нов министер за култура? Баш сум кул особа.
Нита Муча

 

Едвај чекам да ги видам поетските перформанси на Зеќирија Ибраими и Рамиз Мерко на овогодинешното издание на Струшки вечери на поезијата.

Досега омилен настап ми е оној на Бети Канчевска кога после нејзиниот перформанс на „Меридијани“ ѝ пуштија мало девојче да ѝ даде букет и да ѝ каже дека е многу убава, иако настапот на Зијадин Села – уметникот во отсуство – кога својата поезија ја закачи на билборди на „Мостови“ – цело време ми прави збрка и ми се наметнува на местото од Бети.

П.С. се надевам ко секоја година ќе има огномет и риба и вино!
Ненад Јолдески

 

Во држава во која Цветанка Ласкова е советник за култура на премиер, зошто Заќирија Ибраими да не биде министер за култура!? Сигурно ќе имаат многу заеднички теми од областа на книжевноста, театарот, филмот...

Петар Андоновски

 

Слични содржини

Општество / Култура / Настан
Општество / Фотографија / Култура / Уметност
Книжевност / Култура
Општество / Активизам

ОкоБоли главаВицФото