Фото-споменик

15.05.2018 21:06
Фото-споменик

Масакр во Газа предизвикан од САД. 52 мртви, најмалку 2200 повредени. Оваа неверојатна фотографија на Сабер Алашкар (Saber Alashqar), снимена од Висам Насер (Wissam Nasser) минатата недела, сега е негов споменик, бидејќи тој беше убиен денес. Колонизацијата не е метафора. Американскиот амбасадор Дејвид Фридман, кој се залагаше за преместување на амбасадата во Ерусалим, е адвокат од Њујорк, со седиште на Лонг Ајленд. Покрај тоа што работи за Трамп, неговата фирма го претставуваше Енрон. Неговата организација Friends of Beit El донира милиони на илегалните населби, финансиски поддржани од Џаред Кушнер, кој исто така беше во американската амбасада денес, и политички поддржан од градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио. Кога ќе ја погледнете оваа слика, ќе видите што значи еуфемизмот „гентрификација“: насилното раселување овде финансира и овозможува насилно раселување таму - бавните насилства на сиромаштијата, бездомништвото и сегрегацијата ја овозможуваат хај-тек убиственоста на таканаречената „граница“.
Фотографијата е преземена од Амин Хусеин (Amin Husain).

Фотографија: Висам Насер (Wissam Nasser)
Извор: Фејсбук профил на авторот

 

ОкоБоли главаВицФото