Повик за волонтери во системот за донирање вишок храна „Сите Сити“

15.05.2018 23:50
Повик за волонтери во системот за донирање вишок храна „Сите Сити“

„Ајде Македонија“ објави повик за системот за донирање на вишокот храна „Сите Сити“, кој за почеток функционира на територија на Скопје.

Од организацијата велат дека во Македонија илјадници тони безбедна храна завршува на депониите, додека 450.000 луѓе во нашата земја не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Оттука, вишокот храна од бизнисите ќе се донира преку граѓански организации на социјално загрозени граѓани.

„Доколку сакате да помогнете со донирање на вишокот храна, можете да се вклучите според вашите можности и интереси.

Пренос на храна, храната треба да биде пренесена од донатор кон граѓанската организација (со или без ваше возило).

Наоѓање на нови организации, односно помагате во вклучување на нови бизниси со вишок храна и граѓански организации кои имаат потреба од истата“, соопштуваат од „Ајде Македонија“.

Сите заинтересирани што сакаат да се вклучат во системот треба да ја пополнат апликацијата на овој линк и ќе бидат поканети на информативен состанок. За дополнителни информаци, контакт преку kontakt@ajdemakedonija.mk или на Фејсбук страната.

Инаку, „Сите сити“ е систем за донирање на вишокот храна поддржан од Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис.

Извор: https://www.radiomof.mk

Слични содржини

Општество / Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Екологија
Општество / Активизам / Екологија / Уметност

ОкоБоли главаВицФото