Пролет, продолжение

16.05.2018 14:36

За тоа би вредело уште еднаш да се умре.
За идејата – време што би требало да ja преболат
уште кога завршилe в шума, двајца млади, со пушки на раме,
во мигови на непријатност, со другари рамо до рамо,
и со таа вест – трпкава, лоша – насобрана ко сите тешкотии,
и потем отстранета, кревање на рамената,
и одложена – за утре – соништа за слободата, празни,
и грижливо стокмена, развиорена – дури потоа
злоупотребена – понижена, дискредитирана, болна.
Идеја на пролетта, за сите иста, со акцент „на среќата“.
Воодушевеност од барјаците кои се виорат ко сребрени надежи.
Во тоа би вредело уште еднаш да се верува –
ко некогаш. Беше праведна борба. Затоа. Не е невозможна.
(Иако веќе испловивме за да ја истресеме пепелта во морето,
ветрот ја расфрла наназад кон нажалените.)

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото