Пакистанецот кој се аутираше наспроти политиката

17.05.2018 09:25
Пакистанецот кој се аутираше наспроти политиката

Видеото што минатото лето е поставено на интернет не беше замислено како приказна за аутирањето на Зулфикар Ал Буто. Снимката почнува со машки глас кој раскажува за фиктивна средба кога бил замолен да го напушти авионот затоа што „зборувал арапски“. На екранот се појавуваат зборовите „Горд геј муслиман“, а потоа се претставува и темата на видео спотот.

Додека публиката во слабо осветлениот клуб гласно вика и навива, се појавува Буто во свилен фустан и танцува на музиката од хитот од осумдесеттите години „Disco Seewane“, на пакистанската пејачка Назија Хасан. Тој танцува и се превиткува со розова марама во косата и светло сина сенка на очите.

Јужноазиските гледачи можеби не го препознаваат неговото лице, но го знаат неговото име. Во неговиот роден Пакистан медиумите известуваа за овој краток филм. Фокусот беше негативен и беше истакнато дека тој е муслиман хомосексуалец.

„Можеби сум малку наивен“, вели 27-годишниот Буто, кој живее во Сан Франциско. „Толку долго време бев под радар, па не можев ни да замислам дека луѓето ќе им биде толку грижа“.

Поголемиот дел од она што го работи Буто, како визуелен и перформанс уметник, се состои од истражување и преклопување помеѓу исламот, сексуалноста и мажевноста.

Но, причинита за тоа што оваа снимка и понатаму предизвикува контроверзи е што Буто е внук и многу личи на Зулфикар Али Буто, основачот на Пакистанската народна партија , левичарска политичка партија, која со прекини е на власт од 1967 година.

А бидејќи ја предводеше државата во поголемиот дел од седумдесеттите години, постариот Зулфикар Буто беше сменет во воениот пуч и погубен во 1979 година.
Три од неговите деца влегоа во политика, а најпозната не неговата ќерка, поранешната премиерка Беназир Буто, која подоцна заврши на насилен начин, слично како и нејзиниот татко.

Помладиот Буто имал само шест години кога неговиот татко Муртаза бил убиен во хаотична престрелка со полицијата пред семејната куќа во Карачи. Иако раскажува дека семејството никогаш не го форсирало да влезе во политиката, голем број Пакистанци го сметаат за наследник на семејната династија.

Меѓутоа, тој кажува дека воопшто не е заинтересиран да се врати во државата што го чека, но којашто не е сигурна во него. Во Пакистан, сексот помеѓу две личности од ист пол е забранет со закон.

Не постојат антидискриминациски закони што би ги заштитиле геј и трансродовите луѓе, иако Сенатот неодамна прифати амандмани на законот кој им дозволува на трансродовите луѓе да го избираат полот без обврска да се појават пред лекарската комисија.

Кога во 2014 година, Буто дошол во Соединетите американски држави за да добие магистерска диплома по ликовна уметност на Уметничкиот институт во Сан Франциско, бил шокиран од серијата антимуслимански огласи на градските автобуси. Но, еден друг акт на омраза дефинитивно го натерал својот идентитет на геј личност да го воведе во својата уметност.

Американскиот муслиман Оман Матин на 12 јуни, 2016 година уби 49 луѓе во геј клуб во Орландо, Флорида. Шпекулациите дека Матин бил прикриен геј ја покренаа дебатата за хомосексуализмот во исламот.

На Буто му станало јасно дека „луѓето мислат дека или си геј или муслиман и дека некако тие две работи се исклучуваат една со друга“.

Со тек на време, Буто во своите перформанси почнал да се занимава со сопствената религија и културно потекло. Неговата мултимедијална серија насловена „Mussalamaan Musclemеn“ има цел „интересно да го збуни гледачот“ со составување на ефтини ткаенини од Пакистан, преку фотографии на набилани мажи од прирачник за вежбање на урду јазик.

„Постојат некои погрешни идеи во врска со тоа што претставува исламот и каква закана се муслиманите“, вели Зулфикар Буто.

Неговата изложба во културниот центар SOMArts во Сан Франциско под наслов „Третиот муслиман: Геј и транс муслимански наративи на отпор и истрајност“.

Изложбата која ја организираа Зулфикар Буто и уметникот Јас Ахмед „се занимава со претставувањето на исламот и на муслиманите од целиот свет низ призмата на хомосексуализмот“, објаснува Буто. Барем во Америка, додава тој „овие денови е поопасно да се претставиш како муслиман, отколку како геј, што е прилично смешно“.

Извор: The New York Times

 

 

 

ОкоБоли главаВицФото