Спировска до Заев по коалицирањето со Бајрам: Се чувствувам одвратно

17.05.2018 09:48
Спировска до Заев по коалицирањето со Бајрам: Се чувствувам одвратно

Актерката Симона Спировска која беше една од најактивните во Шарената револуција, на Фејсбук пишува за запознавањето со премиерот Зоран Заев, но и за нејзината разочараност од последните решенија на владата за колицирање.

„Деновиве многу често мислам на денот кога го запознав Заев. Си го мислам тој ден заради едно негово прашање. ИМЕНО, се запознавме на првата донаторска забава во Излет. И додека другите присутни политичари се обидуваа да бидат забележани,(многу сомови беа присутни, а се разбира и Љубирук Поповиќ беше), Заев не’ праша: Деца како сте? Тоа беше така човечно во таа натртена атмосфера, што звучеше неверојатно,дури збунувачки. Тогаш бев добро, ама стварно добро. Не се чувствував нит изложено, нит пак чувствував некаква закана и покрај тоа што режимот уште клоцаше.

Би сакала денес да ми го постави истото прашање, за да му кажам дека не сум добро. Дека се чувствувам одвратно. Нека ме праша и зошто, за да го потстетам дека коалицира со гомнарот заради кои со години страда цела етничка група. Да го потсетам што значи среден прст.
И да го потсетам на ветувањето кое ни го даде со тоа прашање пред две години. Тоа беше прашање на некој кој би ти ја ветил целата сигурност и правдина на овој свет.

Не жалам ниту за еден поминат ден на улица (тоа и онака не е завршено), ама жалам што ми ги потрошивте другарите во вашите зделки!

Јас разбирам дека ова е политика, ама дај разберете вие што е образ. Дај разберете што е пазарење со култура, со образование, со здравство. Ме заболе за вашите приоритети. Се одлуѓивте!“, напиша Спировска.

 

Слични содржини

Активизам / Став
Ирена Цветковиќ
Активизам / Став

ОкоБоли главаВицФото