Изложба: Креативен активизам

17.05.2018 09:29
Изложба: Креативен активизам

Во Мобилна/монтажна галерија (Парк на франкофонија), вечерва (17 мај) од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Креативен активизам“ на која ќе бидат презентирани плакати и други активистички реквизити. Изложбата ја организира Центарот за современи уметности, Скопје.

„Изложбата која има за цел да претстави само еден мал дел од бројните активности на активистите во изминатата декада. Изложбата не е ретроспективна туку е почеток на еден серијал активности посветени на креативниот активизам и спрегите на уметноста и активизмот и промените кои овој начин на делување ги иницира и може да ги иницира во општеството .

Едноставно целта на оваа изложба е да ја прикаже креативната страна на граѓанскиот активизам, неговата еволуција и маштовитоста како и креативноста со која активистите мораа да се служат за да ја анимираат јавноста и медиумите, да ги мобилизираат свесните и да ги освестат неосвестените“, пишувааторганизаторите во најавата за изложбата.

 

ОкоБоли главаВицФото