Огнени кранови

17.05.2018 12:24

Кога се вратив дома станот воздивна како коњ
кого го натовариле со преголем товар.
Собата што ја напуштив
беше подразвлечена
божем кошула отпетлана на градите,
леко подотворено дишење,
долго отежнато дишење,
над нас балконот висеше како утро
во кое се вртеа железни кранови.
Се обидов да го прегризам сивиот волнен јазол во грлото.
Тукушто измиената дланка за миг ми клапна.

Со крановите е можно да се преврти светот
на глава: крановите градат небаре илјада коњи.
Уривањето на љубовта е долготраен процес.
Еднаш како кубење веѓи, другпат
како операција без наркоза.
Ладилникот тешко дише, гасната инсталација
искри и времето има страшен поглед.
Капката сето време се прелева преку работ на валканите садови.
Како божем во станот да се населил некој
врз сите мои слоеви дури јас патував и станот
верно чекал на моето враќање.

Сега овде има куќичка за птици и оган што ја голта:
добар пламен, силни замави на крилјата што се двојат од водата,
огнени кранови, огнени кранови.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото