Не менувајте, жени, презимиња!

18.05.2018 10:59
Ќе мрчам!

Ми требаа 3 месеци и 2000 денари за да добијам дозвола во 5 институции, за да СМЕАМ (замисли!) да си го вратам сопственото презиме.

Тука се Мвр-мтв, Мвр-беко, Матично, Општински суд и Центар за соц. работи.

Конечно, со нова лична „историска“ карта, по телефонски разговор со Катастар, ми даваат грешна информација со која бациФ врата. Таму сфатив дека ќе потрошам уште еден месец за да ги сменам податоците во Катастарот.

Им треба овО и онО СФЕ на нотар заведено!

И плусссс ќе треба да разнесам ко поштар 20 плика низ град, за да им докажам и покажам дека освен името - СÈ сум сменила.

Еј, ова е за еден обичен Човек!

Еј, ова на Жените им се случува!

НЕ МЕНУВАЈТЕ, жени, презимиња!!! Никад се не зна...

Туку, за државава иде потешко, а јас за себе се нервирам, м?

Ццццц.

Слика: Lise Hanawalt

Слични содржини

Општество / Живот / Историја
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото