Пес и куќа

18.05.2018 13:49

...Или можеби го ставив во сандакот... да,
животот во овој дом има крај... нема да го има веќе...

А.П. Чехов „Вишновата градина“


Се селам од куќа в куќа.
Моите плеќи со секој ѕид врзуваат букет живи конци.
Секојпат седнувам во ќошето и секој конец посебно го сечам.
Секој конец е бел и јак.
Луѓето како јата нагрнуваат над она што го правам.
Изгледа со секој конец спасувам по еден живот.

Сите што ме гледаат заедно со мене се борат
да остане нашиот пес овде, пред куќата
што пред мои очи се лупи на месечеви ленти.
Државата, пак, се бори против нас, а песјите наследници
сака да ги присвои за кинолошки натпревари.
Единствени сме што го сакаме песот, а тој не смее да се сака.

Во долга стаклена одаја врз модернистички ѕидови
со прсти џбарам во фрагментите од древноста. Оваа посета
трае со години. Сите селидби се дел од прошетката

низ непознатиот ходник. Наеднаш од влезот го здогледуваме нашиот црн пес
како со својата бела сосетка од куќата спроти нас
мине крај нас и вон нашиот поглед во кочија од живи конци.

Наеднаш во јајцевидната кочија
црниот и белата, големиот и малата, влакнестата и мазниот,
си заличуваат како јајце на јајце.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото