Прирачник за танцување за децата со Даунов синдром

19.05.2018 01:55
Прирачник за танцување за децата со Даунов синдром

На Факултетот за музичка уметност во Скопје беше промовиран прирачник кој беше подготвен како дел од проектот „И јас сакам да бидам балерина“, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ.

Организатори се Центарот за Даунов синдром во соработка со ФМУ, Катедра за балетска педагогија – современ танц и професорката Искра Шукарова.

Тимот кој работел на овој проект верува дека децата со Даунов синдром имаат потенцијал и желба за танцување и јавни настапи. Сметаат дека правилниот пристап и методологија може од нив да направи дисциплинирани, посветени и креативни танчери.

Организаторите преку оваа публикација сакаат да почнат дебата и практика на инклузија во сите училишта по танц низ Македонија.

Посетителите добија бесплатен примерок од прирачникот и најновиот број на списанието „Down Syndrome 21+“ и ќе може да ја набават сликовница „Девојчето на ридот“.