Германската министерка бара зголемување на буџетот за култура од 353 милиони долари

20.05.2018 23:58
Германската министерка бара зголемување на буџетот за култура од 353 милиони долари

Германската министерка за култура Моника Грутерс, на почетокот на месецов објави дека државата планира да го зголеми финансирањето на уметноста и културата  за околу 353 милиони долари. Ако биде одобрен од парламентот, буџетот од 2 милијарди долари за култура и медиуми ќе се зголеми за 23 отсто во однос на претходната година.

Предложениот буџет ја одразува заложбата на Грутерс за зајакнување на федералната поддршка за уметноста. Исто така, министерката изјави дека зголеменото финансирање е пример за вербата на владата во вредноста на културата. Таа истакна дека со донесувањето на буџетот, Германија ќе испрати „силен сигнал дека културата е основа за нашето отворено и демократско општество". Откако ја презеде функцијата во 2013 година, буџетот за култура во Германија порасна за околу 38 проценти или 548 милиони долари.

Грутерс откри дека 4,4 милиони долари од средствата ќе бидат доделени за фондацијата „Хумболт форум“, која потпаѓа под нејзиниот надлежност. Фондацијата е одговорна за Културниот центар „Хумболт форум“, музејски проект кој има цел да ги претстави етнолошките збирки на начин што ќе отвори дијалог со современите прашања.

За проектот кој треба да се отвори во реновираната берлинска палата во 2019 година, фондацијата „Хумболт форум“ беше многу критикувана заради нетранспарентност околу потеклото на предметите од збирките. Откако Бенедикт Савој, во знак на протест поднесе оставка од советодавниот комитет на протест, Грутерс вети дека ќе обезбеди дополнителни средства за музеите за истражувањето на потеклото на предметите, а беа отворени уште шест нови работни места во Фондацијата за пруското културно наследство, а која управува со државните музеи во Берлин. Специјално ќе се истражува историјата на објектите од колонијална ера.

 Извор: Artforum

 

ОкоБоли главаВицФото