Операта како симбол на борбата против мафијата

21.05.2018 08:26
Операта како симбол на борбата против мафијата

Еве квиз прашање за сите љубители на операта. Дали најголемата оперска куќа се наоѓа во Венеција, Милано или Палермо?

Палермо? Да. Миланската скала можеби има повеќе седишта, а „Фениче“ во Венеција е постара за цел еден век, но „Театро Масимо“ во Палермо е најголемата оперска куќа во Италија: огромна градба во неорамантичарски стил која се простира на 7.700 метри квадратни и доминира со панорамата на главниот град на Сицилија. Во Европа, поголеми опери од оваа во Палермо се само оние во Париз и Државната опера во Виена.

„Театро Масимо“ можеби не е позната во меѓународни рамки, но станува збор за оперска куќа со историја каква што нема речиси ниедна друга во светот. Историјата на операта „Театро Масимо“ била проблематична уште од самиот почеток. Била замислена како обид на Палермо од 19-век да добие европски, културен кредибилитет, во времето на големиот развој на Сицилија и Италија.

Биле потребни 33 години за да се проектира и изгради оваа опера, која била отворена во 1897 година, за да само две сезони подоцна биде затворена, не работела до 1901 година. Заради реновирање, „Театро Масимо“ бил овторно затворен во 1974 година, кога моќата на мафијата во Сицилија била толкава што мафијашките босови ги поставувале градоначалниците на Палермо, а понекогаш и самите биле на таа функција.

Реформаторите ја обвинувале доминацијата на мафијата за пропаѓањето на градот и ништо подобро не го симболизира тоа, отколку „Театро Масимо“, кој останал затворен во наредните 23 години.

„Беше негативен симбол на градот“, вели Франческо Џамброне, кој го води театарот, инаку лекар по образование. „А потоа, по сите оние напади, градот возврати, се обнови и Театро стана позитивен пример“.

„Оние напади“ се всушност убиствата на судијата што се борел против мафијата, Џовани Фалконе, на неговата сопруга која, исто така, била судија и на нивните тројца телохранители што се случија во 1992 година, на патот од аеродрмот до нивниот дом. Мафијата им постави бомба во автомобилот.

Убиствата предизвикаа револт против мафијата во Италија, а најголем револтот беше во Палермо каде што беше скршен обрачот во кој мафијата го имаше заробено градот. Граѓанската гордост стана начин да се отфрли доминацијата на мафијата.

Учениците ревносно одговориле на кампањата секое училиште да избере историски споменик за кој ќе се грижи, а според објаснувањето на доктор Џамброне, кога децата го посвоиле со години затворениот и речиси заробен Театро, јавноста се посрамила и потоа било одлучено повторно да се отвори.

Леолука Орландо тогаш бил градоначалник и се сеќава на славниот италијански диригент Клаудио Абадо, кој со берлинската филхармонија гостувал на првиот концерт во обновениот „Театро“, во 1997 година.

„Повторното отворање е важно за историјата на музиката во светот, Европа, во Италија и во Палермо“, градоначалникот го цитира сега починатиот маестро. „Но најмногу од сè сакам да се сеќавам дека мојата мајка беше од Палермо и дека конечно тоа можам со гордост да го кажам, затоа што во претходниот четвртина век, мафијата го покри Палермо со толкав срам, што не беше лесно да кажеш од каде си“.

Денес, како и сите оперски куќи во Италија, „Театро Масимо“ мака мачи со намалените државни субвенции, но успева да наполни 80 отсто на платените седишта. Често помагаат и луѓе кои не се нужно обожаватели на класичната музика, а повеќе од 100 000 посетители годишно, плаќаат влезицница за да ја видат мамутската цена на операта, нејзините три ротонди и импозантното фоаје.

Многумина од нив се странски туристи кои ги привлекла операта што се појавува во славната крвава сцена во третиот дел на „Кум“. Други, пак, се фацинирани од големината, како Ендрју Мартин од Лондон, кој вели: „Не очекував да видам нешто вакво во Палермо“.

Извор: The New York Times

 

 

Слични содржини

Европа / Балкан / Став / Култура / Историја
Свет / Живот / Култура
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Општество / Европа / Култура

ОкоБоли главаВицФото