„Еко герила“: Тетово е Венеција на фекалната канализација!

23.05.2018 00:43
„Еко герила“: Тетово е Венеција на фекалната канализација!

„Секојпат кога имаме поројни дождови, содржината на фекалните и атмосферските канализациски системи се излева и тече низ улиците пред нашите домови, поради нивното нечистење, реагираат од еколошка организација „Еко герила“, објавувајќи фотографија од „реката“ по тетовските улици.

Ваквиот проблем го карактеризираат како скандалозен. Општината веќе подолг период покажува дека не е во состојба и не сака да се соочи со овој проблем, тврдат активистите, иако граѓаните постојано се жалеа и се жалат и бараат итни решенија.

„Еден ден по запирање на дождот, фекалните остатоци остануваат на површината и никогаш не се чистат со вода, потоа истите ги внесуваме во нашите домови, додека децата одат и се играат низ валкани улици кои се извор на разни инфекции. Ова е срам со кој граѓаните на Тетово мора да се соочат секогаш кога врне. Дали е ова општина што ја сакаме?!“, прашуваат активистите.

 

Слични содржини

Активизам / Свет / Екологија / Теорија
Активизам / Јавни простори / Екологија
Активизам / Технологија / Екологија / Теорија
Активизам / Свет / Екологија / Теорија
Активизам / Екологија

ОкоБоли главаВицФото