Мојот најсилен впечаток од „дуелот на векот“

24.05.2018 00:50
Мојот најсилен впечаток од „дуелот на векот“

Знаете ли зошто се мивка овие како Мицковски, Груевски, слични како јајца сподоби? Зашто освен монолошко морализаторски тиради со единствена цел да го омаловажат соговорникот, не умеат ништо друго да испорачаат - нула емпатија, нула емоционална писменост, нула евиденција и нула респект за било кого; само држење лекции и камшик манипулации: тие ќе помогнеле, тие правеле, тие ќе спаселе... Затоа опоменуваат, се фалат, се нудат и го подучуваат соговорникот секогаш третирајќи го како послаб, кого тие ќе го направат подобар и поумен.

Колку е сето тоа празно, бедно и надминато, како стил на комуникација. За содржините не правам муабет. 

Замислете млад човек, студент, пред ваков професор? Што е уште пострашно, вакви луѓе врие меѓу универзитетските професори, демек учени, а старомодни, ограничени, затуцани, штетни... Лажно добри и мазни, како препарирани птици, со титули, и на позиции...

Замислете ги како се однесуваат по дома со своите деца и партнери, разгаќени, во влечки, со тиради, тиради, без трошка култура на слушање, и ништо надвор од сопственото јас, јас и само јас. А божем зборуваат за реалноста и знаат сè за животот, и за доброто на другиот. Џенем да фатиш и никогаш да не се вратиш. 

Тоа е мојот најсилен впечаток од „дуелот на векот“.

Слика: Фејсбук

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото