1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Дали смоквата е веганско овошје?
Најпрвин, смоквата е цвет, не овошје. Иако смоквата често се нарекува царица на медитеранското овошје таа технички спаѓа во категоријата цвеќе, а начинот на нејзино создавање едновремено е фасцинантен и застрашувачки. Научниците објаснуваат дека смоквите се превртени цветови, а смоквиното дрво не цути како јаболковото дрво или праската. Нејзините цветови цутат внатре во крушколиката капсула, која подоцна созрева во овошјето што го јадеме, а тоа не е само една овошка, туку нивно множество.
Ама не се смоквите посебни само по тоа. Бидејќи цутат однатре, им треба специјален процес на опрашување оти не можат да се потпрат на пчелите и ветрот. И тука настапуваат смоквините оси. И процесот што се нарекува мутуализам.
Смоквата не може да преживее без тие оси кои го шират нејзиниот генетски материјал, а осите пак не можат да живеат без смоквите оти таму ја сместуваат својата ларва. Женката на осата влегува во машката смоква (патем речено, не ги јадеме машките смокви). Крилата на женката оса и нејзините пипала се кршат додека таа влегува во малиот премин во смоквата, па кога еднаш ќе влезат, не можат да излезат. Машките бебиња оси се раѓаат без крила, оти нивната единствена функција е да ги оплодат женките, технички нивни сестри, и да прокопаат тунел од смоквата. Женките на осата прават сè понатаму, донесувајќи полен. Откако ќе умре во внатрешноста на смоквата осата се разградува, и колку и тоа тажно да звучи нужно е во процесот на создавање вкусна смоква.
Дали, значи, „месниот дел“ ја прави смоквата невеганска? Не, се разбира. Симбиозите, умирањето и гниењето се дел од веригата на животот на целата наша планета.