Моќните слики на смртта од Андрес Серано

25.05.2018 11:59
Моќните слики на смртта од Андрес Серано

Од серијата „Мртовечница“ (Инфективна пневмонија)

Серијата фотографии на уметникот Андрес Серано (Andres Serrano) насловена „Мртовечница“ (The Morgue) ги истражува идеите за смртта и нашиот однос со неа. Работејќи со форензички патолог Серано ги фотографирал телата со речиси класична убавина што ретко се поврзува со мртовечницата. Серано ја обезбедил анонимноста на секој човек преку кропирање или прекривање на лицето.

Начинот на кој светлината е во интеракција со телата и нивните превези потсетува на италијанското барокно сликарство. Киароскурото на секоја фотографија се чини дека нагласува некоја мистерија зад смртта, балансирајќи го ладниот аналитички пристап на мртовечницата. Понатаму, грижливото посветување на деталите и композицијата го истакнува достоинството на секоја личност. Секој субјект, некои всушност непознати лица, се проследени поединечно, откако иницијалниот шок им отстапува место за контемплација и рефлексија. Сепак, ова не се сентиментални слики. Сè уште е присутна одредена емоционална дистанца, ужасна осаменост во смртта, а намерата на Серано е двосмислена. Насловот на секоја фотографија е соодветната причина за смрт на секој субјект и е вметната во описот на секоја фотографија.

И ве молиме внимавајте: Некој можеби ќе смета дека овие фотографии се експлицитни и/или вознемирувачки.

Од серијата „Мртовечница“ (Гушење од пневмонија)

Од серијата „Мртовечница“ (Непознати причини за смрт)

Од серијата „Мртовечница“ (Природна смрт)

Од серијата „Мртовечница“ (Смрт причинета од СИДА)

 

Од серијата „Мртовечница“ (Злоставено дете I)

Од серијата „Мртовечница“ (Трансфузија на крв што резутирала со СИДА)

Од серијата „Мртовечница“ (Фатален менингитис I)

Од серијата „Мртовечница“ (Убиство)

Од серијата „Мртовечница“ (Фатален менингитис II)

Од серијата „Мртовечница“ (Искасан од четири дански доги)

Од серијата „Мртовечница“ (Самоубиство со отров за глувци II)

Од серијата „Мртовечница“ (Злоставено дете II)

Од серијата „Мртовечница“ (Авионска несреќа)

 

Извор: boum! bang!

 

Слични содржини

Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Психологија / Живот / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око
Фотографија / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност

ОкоБоли главаВицФото