Уметноста како оружје?

26.05.2018 15:40
Уметноста како оружје?

Многу често се поставува прашањето за улогата на уметноста и за нејзината општествено-политичка димензија, а тоа особено е забележливо во последните неколку децении. Критичкиот потенцијал на уметноста некогаш излегува од рамката на дебатата за авангардноста или конзервативноста на одредени уметнички остварувања. Тоа може да се разгледува во проширеното поле на визуелната култура, особено кога станува збор за влијанието на содржините кои со уметнички средства се обликуваат и пренесуваат во мас-медиумите.

На Третата импресионистичка изложба во Париз се претставиле 18 уметници со вкупно 230 дела. Меѓу најзначајните автори кои учествувале биле Едгар Дега, Клод Моне, Огист Реноар, но вистинско откритие биле делата на Алфред Сислеј и Пол Сезан. И покрај тоа што публиката била побројна од претходно, јавноста не била спремна да ги увиди достигнувањата на оваа група уметници, а неретко наидувале и на остри сатирични коментари.

Карикатурата со наслов „ Страшно! Турците купуваат дела од Изложбата на импресионистите за да ги употребат во случај на војна“ (fr. 'Bien feroce! les Turcs achetant plusieurs toiles a l'exposition des Impressionistes pour s'en servir en cas de guerre') била објавена на 28 април 1877 година, во парискиот хумористичен магазин „Шаривари (Le Charivari), непосредно по третата изложба на импресионистите во Париз.

Автор на оваа карикатура е Шам (Cham), акронимски псевдоним со кој се потпишувал францускиот карикатурист, илустратор и литограф Амеде Шарл Анри де Ное (Amédée Charles Henri de Noé, 1818-1879).

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Теорија / Историја
Култура / Уметност / Историја
Уметност / Историја
Уметност / Теорија / Музика / Историја
Уметност / Историја
Култура / Уметност / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото