Цицо

26.05.2018 15:54
Цицо

Во историјата на современата македонска ликовна и применета уметност, Василије Поповиќ - Цицо (1914-1962) зазема едно специфично и издвоено место. Тоа е определено од широчината на творечките подрачја во кои се искажувал овој уметник, од неговата пионерска улога во неколку области, а особено во карикатурата и сценографијата, како и од сериозноста на резултатите што во секоја од нив ја има постигнато.

Поповиќ е роден 1914 година во Скадар (Црна Гора), а на своја петгодишна возраст се преселува во Скопје каде што со мали прекини живее сè до крајот на својот живот.

Во далечната 1963 година, во чест на прерано починатиот уметник Василије Поповиќ - Цицо, снимен е краток документарен филм посветен на творештвото на овој значаен автор. Филмот е работен по сценарио и режија на писателот Славко Јаневски, со музика на композиторот Кирил Македонски.

***

Василие Поповиќ – Цицо
Документарен филм
Сценарио и режија: Славко Јаневски
Вардар филм, Скопје, 1963

Монтажа: Драгомир Панков
Снимател: Љубе 
Петковски
Музика: Кирил 
Македонски
Тон: Јордан 
Јаневски
Асистент снимател: Иван 
Петровски
Организатор на снимање: Никола 
Лазаревски


Извор: Архива ЗаУм | ОПА фондација

 

Слични содржини

Карикатура.мк / Стрип / Уметност / Карикатури
Карикатура.мк / Стрип / Уметност / Карикатури
Карикатура.мк / Стрип / Уметност / Карикатури
Екологија / Око
Карикатура.мк

ОкоБоли главаВицФото