Доба на крајности

06.09.2010 13:42
Доба на крајности

Целта на книгава не е да ја раскаже приказната за скратениот дваесетти век, од 1914 до 1991. Мојата цел е да разбереме и да објасниме зошто настаните се одвивале токму така како што се одвивале и каква била нивната взаемна врска.

За секој кој е на моја возраст, односно кој живеел низ целиот скратен дваесетти век или низ поголем дел од него, ваквиот потфат мора нужно да има автобиографски елементи. Ние зборуваме за нашите спомени, ги оживуваме (и ги исправаме). И зборуваме како мажи и жени од конкретно време и конкретен простор кои, на разни начини, биле вклучени во историјата како актери во нејзините драми - без оглед на тоа колку нивните улоги биле безначајни - како набљудувачи или како луѓе чиишто ставови за овој век биле формирани од неговите клучни настани.

Ние сме дел од овој век. Тој е дел од нас.

Ерих Хобсбаум

Книгата е во издание на Темплум и може да се најде во книжарниците низ Скопје и републиката, по цена од 1000 денари за сите три тома.

ОкоБоли главаВицФото